Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ: Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ: Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат
Агровести

РКЕ: Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат

Објавено 20/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар за литар во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13 септември 2021.

РКЕ соопшти дека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар за килограм и сега ќе изнесува 39,181 денари.

Со денешната одлука, РКЕ ги зголемува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 отсто во однос на Одлуката од 13 септември 2021 година.

– Кај крајната цена на дизелот има намалување како последица на анулирање на дополнителната акциза за дизелот од 2 на 0 денари за литар. Во првите две недели од месецот, заклучно со 15 септември, регистриран е раст на берзанската цена на дизелската фракција која служи како основа за пресметка на малопродажната цена на дизелот. Растот на берзата е поголем од 600 USD/ton, со што се исполнува условот да не се пресметува дополнителната акциза кај дизел горивото. Ние ги доставивме овие податоци до Министерството за финансии и Царинската управа, што всушност ни е законска обврска двапати во месецот да ги информираме за движење на берзанските цени на нафтените деривати за да знаат дали се пресметува дополнителната акциза или не, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Од 21 септември 2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС – 95 – 73 денари за литар, моторен бензин Еуросупер БС -98 – 75 денари за литар, дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 62 денари/литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 64 денари за литар и мазут М-1 НС ќе изнесува 39,181 денари за килограм.

РКЕ во соопштението посочува дека во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 1,160 процент, дизелот зголемување за 3,228 проценти, кај екстра лесното масло за 3,131 отсто и кај мазутот има зголемување за 1,992 отсто.Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,586 отсто.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Таг:горива
Претходен напис Сливовица освен од свежи, може да се прави и од суви сливи
Следен напис Растот на цените не е поголем од генералниот раст на светско ниво, засега нема причина за покачување на цената на лебот, вели Заев
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?