Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ВИДЕО – Во Македонски Брод се одржа 12-тата по ред „Костенијада“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > ВИДЕО – Во Македонски Брод се одржа 12-тата по ред „Костенијада“
Саеми и манифестации

ВИДЕО – Во Македонски Брод се одржа 12-тата по ред „Костенијада“

Објавено 16/11/2019
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По 12-ти пат во Општина Македонски Брод се одржа манифестацијата „Костенијада“ чија цел е промоција на овој надалеку познат плод од Поречието кој што е баран на пазарите не само во Македонија туку и во соседните држави.

Овој настан е една од најзначајните манифестации за Поречието кои се случуваат во текот на годината. Тој започна со изложба на ракотворби и цртежи изработени од костени од страна најмалите во градинката, учениците од основното училиште „Свети Климент Охридски“ од овој град, подрачните училишта во селата Манастирец и Самоков, творби на децата со посебни потреби, а се вклучија и учениците од Гимназијата „Свети Наум Охридски“.

„Дојдовме до една идеја да ја наречеме Костенијада, бидејќи поречкиот костен е надалеку прочуен, на пазарите во Битола, Прилеп, па и Скопје, а во поново време имаме дури и поголема побарувачка за извоз. Ова е еден вид природен костен кој не се калеми, него од самото поднебје излегува и е со многу вкусен квалитет, има многу шеќерни единици, околу 12% има шеќерни единици, што е еден од врвните квалитети на костените. Инаку манифестацијава преминува и во туристичка атракција, каде што имаме доста посетители од Прилеп, Скопје, Кичево, Крушево, претежно од поблиските градови, меѓутоа манифестацијата е доста посетена“, истакна Милена Стојческа, раководител на домот за култура.

„За нашиот град претставува нешто најубаво, манифестација од единствен вид е кај нас. Нешто така имаме и за Великден и тие се основните две манифестации во градот. Подготовките течат кај нас веќе еден месец, а другите секој со потребите. Во градинката се подготвуваме со игри, некогаш учествуваме со изложбата, со изработка на костени, некогаш со правење благо од костени, и така, некои специјалитети“, рече Јагода Станоеска, наставничка во градинката во Македонски Брод.

За сите учесници имаше благодарници, а најмалите пак од градинката за сите присутни приредија свечена програма.

Продажбата на костењето е една од поглавните земјоделски гранки кои носат приход за Поречани. Токму затоа на манифестацијата имаше претставници и од Министерството за култура.

„Поречието е познато по костенот, ние изобилуваме со големи количини на костенови насади и токму поради тоа што имаме многу костени ја прославуваме оваа Костенијада, со цел да ги запознаеме граѓаните во Република Македонија дека вистина имаме најквалитетен костен. Тоа го докажуваат благоста на костеност и изврсниот квалитет“, изјави Живко Силјаноски, градоначалник на Општина М. Брод.

„Како Министерство за култура, биле поддржувани во други години, не знам оваа година. Беа насочени во Министерството за земјоделство да добијат повеќе поддршка тие земјоделски производи како оризот, гравот, во тие такви манифестации. Ова сега што се прави, тоа се користи од нивните дедовци, прадедовци, од нивните родители, но мислам дека треба многу повеќе да се работи на тоа. Ова се некогаш што било насадено тоа го користат, меѓутоа тоа ти е како расад, треба повеќе да се поттикне крајот со производство, затоа што овој костен е со посебен вкус“, кажа Веселка Видеска, технички секретар во Министерство за култура

„Треба да влезе во субвенционирањето како сите  овошја, сите производи досега, поткрепени да бидат од Министерството за земјоделие, тоа ќе го побараме. Нема нови насади, од дедовците што биле сега сеуште се произведува и се користи, но треба да има“, додаде раководителот на домот за култура, Стојческа.

На манифестацијата присуствуваа и голем број културни уметнички друштва како од Македонски Брод, така и од Прилеп, Битола, Новаци, Радовиш и Свети Николе.

По завршувањето на изложбата пред платото на Домот за култура се фомираше колона со сите присутни кои започнаа со свечено дефиле од Домот преку реката Треска, до центарот на Македонски Брод, каде на градскиот дел се одржа централниот дел од прославата.

Пред присутните со свои точки се претставија сите културни уметнички друштва. Публиката уживаше во македонскиот мелос и прекрасната изведба на народните песни и ора кактеристични за повеќе краеви на државата. Освен културната програма учениците од средното угостителско училиште на плоштадот подготвија и мала слатка закуска, односно специјалитети од костен кои се продаваа по симболична цена.

„Овие слатки се направени од костен и ги направивме ние учениците, со помош од професорите. Слатките ги продаваме на присутните на манифестацијата, кој колку може за едно парче. Претходните години собраните средства се даваа на хуманитарна акција, а оваа година се за нас учениците од угостителско-туристичката насока, за каде што ќе се одвива праксата“, истакна Мартин Велкоски ученик во гимназијата „Свети Наум Охридски“, смер угостителство и туризам.

Додека од една страна публиката уживаше во музиката, низ воздухот се ширеше прекрасната арома на поречкиот печен костен, а присутните ги привлекуваше и костеновиот мед.

„Секоја година јас печат костени. Поречкиот костен е познат по вкусот, многу е благ и убав. Костените се разликуваат по годината, некогаш раѓаат некогаш не, некогаш е благ костенот ако е суша, а ако е дождливо костенот се расипува. Оваа година е многу добар. Некои по пазарите ги продаваат, некои на големо ги купуваат, некоја година има, некоја година нема, зависи кога. Некој има што ги садат, некои сами никнуваат и ги одржуваат“, вели една производителка на костени.

„Кажуваат дека костеновиот мед е многу подобар од другиот, без разлика, и тој е убав, но овој е поубав бидејќи има повеќе витамини и сите тие додатоци што му требаат на организмот. Многу е баран, многу го даваме во Скопје, Тетово, Гостивар, Македонски Брод“,  потенцираше Трена Стојкоска производител на мед од костен.

„Се опстанува, ако сака човек да работи има егзистенција. Еве јас имам еден тон годинава собрано. Немам нови насади, но планирам. Тие се самоници повеќе. Садев една година, но фати суша и се исушија. Треба да има субвенции за костенот, но тоа од државата зависи. Уште ние постарите, но помладите не ги интересира. Но има доста од костенот, сега се продава 2 евра кило и пак нема“, вели Димче Филипоски, производител на костен.

Поречани се надеваат дека оваа манифестација од наредната година ќе биде поддржана и од државата за да може уште повеќе да го афирмираат костенот, но и сите производи кои се добиваат од него, а од друга страна Костенијадата да стане вистински туристички бренд на Општина Македонски Брод.

Извор http://infokompas.com.mk

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати
Среќни ВЛТ вести: Мице Анѓелкоски од Македонски Брод е нов милионер, освои 1.475.310 денари
Таг:костенијадаМакедонски БродПоречки костен
Претходен напис Словенечката студија ги потврдува позитивните ефекти на матичниот млеч
Следен напис Пчеларите најмногу страдаат од климатските промени, но и од даноците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?