Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како до успешни насади на боровинки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Како до успешни насади на боровинки
Растително производство

Како до успешни насади на боровинки

Објавено 13/09/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полните, сочни боровинки не се само вкусни, тие се богати со хранливи материи, антиоксиданси, влакна и витамини. За среќа, за многу малку напор, боровинките лесно се одгледуваат – ако имате соодветна почва. Да се запознаеме како се садат, како да се грижите, да ги исечете и да ги соберете плодовите од боровинки.

САДЕЊЕ НА БОРОВИНКИ

-Боровинки може да се садат во пролет или во доцна есен во сите, освен во најстудените региони.

-Садниците стари 1 до 3 години се добар избор. Можат да се купат во контејнери или со голи корени. Во секој случај, не заборавајте да купите од реномиран расадник.

ИЗБОР И ПОДГОТОВКА НА ПОЧВА

-Изберете сончево, заштитено место. Боровинките се толерантни на сенка, подобри култури се добиваат на сонце. Во исто време, тие не треба да бидат изложени на сурови, сушни ветрови.

-Не засадувајте боровинки премногу блиску до поголеми садници, бидејќи дрвјата не само што ќе ја блокираат сончевата светлина, туку другите дрвја ќе ја користат секоја влага во почвата.

-Боровинката е растение со плитки корени. Затоа, бара почва што ја држи влагата, но исто така добро исцедлива и која не останува влажна. Не засадувајте боровинки на места каде што има тешки, глинести почви.

-Боровинките успеваат во кисела почва. pH вредноста треба да биде помеѓу 4.0 и 5.0; почвата што не е доволно кисела ќе го спречи растот. Почвата може да се закисели со мешање на мала количина гранулиран сулфур во почвата неколку месеци пред садењето. Тресет мов, како и борова кора или иглички, се исто така добри додатоци кои ќе помогнат да се закисели вашата почва.

-Измешајте органска материја во почвата пред да ги посадите садниците од боровинки.

КАКО ДА СЕ ЗАСАДАТ БОРОВИНКИТЕ

-Совет: Внимавајте да не ги засадите премногу длабоко.

-Копајте дупки длабоки околу 50 cm и со ширина 45 cm (или околу двапати пошироко и двојно подлабоко од корените на растението).



-Се садат на растојаниe од 4 метри меѓуредово и 2 метра во ред. Поставете ја грмушката во дупката со коренот веднаш под површината и нејзините корени ќе се шират. Цврсто ставете ровка земја во дупката.

-Нанесете ѓубриво еден месец по садењето, а не во времето на садење. Нанесете околу 30-50 грама ѓубриво NPK 10-10-10 во вид на лента околу растението на 30 cm од круната.

ОДГЛЕДУВАЊЕ НА БОРОВИНКА ВО КОНТЕЈНЕР

Боровинките што се одгледуваат во контејнери е полесно да се заштитат од птици и други животни, поотпорни се на болести, лесни за берба и лесни за движење доколку е потребно. Плус, ако живеете во област без кисела почва, одгледувањето боровинки во контејнери ви овозможува да ја прилагодите pH вредноста на почвата специјално за нив.

Еве како да го направите тоа:

-Користете голем сад со дренажни дупки.

-Засадете ја грмушката во садот и добро наводнете.

-Додадете прекривка на почвата за да се одржува влага.

-Ставете го садот на сончево место.

-Чувајте ја почвата влажна.

-Во северните региони, презимувајте го садот со боровинки во заштитено подрачје или покријте го садот со слама или завиткајте го во филц.

КАКО ДА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА БОРОВИНКИТЕ

• За да се одржат влажни плитките корени на боровинките е од суштинско значење. Нанесете слој од пилевина-дрвена или борови иглички околу стеблото по садењето, но оставете празнина околу стеблото за да овозможите правилен проток на воздух.

• На боровинките им се потребни околу 5 литри вода неделно.

•Предупредување: Боровинките се омилена храна на птиците, па затоа се препорачува однапред да ги заштитите садниците од боровинки со заштитна мрежа.

•Една година по садењето, нанесете околу 30 гр/стебло ѓубриво NPK 10-10-10 во пролет во времето на цветање и зголемете ја стапката за 30 гр секоја година потоа до максимум 250 гр за зрели садници.

•Не дозволувајте садниците да се создаде плод првата година или две по садењето битно е да се формира длобок коренов систем, плодот уште додека е мал треба да се отстрани.



Како се врши резидба на боровинка?

•Во првите 4 години по садењето, нема потреба да се врши резидба. После тоа потребна е резидба за да се стимулира растот на новите пупки што ќе вроди со плод следната сезона.

•Резидбата се врши кон крајот на зимата или раната пролет пред да започне новиот раст.

•Исечете ги скршените, кратки и слаби гранки.

Многу е важно да се врши контрола за да се спречи појава на болети и штетници, штета може да направат птиците, исто така е потребно да се внимава на појава на прашкаста мувла.

Боровинките се спремни за берба помеѓу јули и август, грмушките од боровинки во полна родност ќе стигнат во 6-та година.

Извор: Опитно поле, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Претходен напис Фитосанитарните политики и менаџментот на води области во кои може да се интензивира соработката со Црна Гора
Следен напис Во среда и во четврток во Скопје прскање против комарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?