Во среда на 15 септември ќе почне авионска и терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат градските власти и ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Авионското прскање против комарци, посочуваат од Градот, ќе се врши во среда и во четврток во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од среда до недела 19 септември во периодот од 22 до 3 часот, наредниот ден.
– Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, порачуваат од Град Скопје.
Пчеларите треба да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
