Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Ви гарантирам, грозје нема да остане неоткупено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Ви гарантирам, грозје нема да остане неоткупено
Агровести

Хоџа: Ви гарантирам, грозје нема да остане неоткупено

Објавено 08/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот Хоџа, денеска во просториите на МЗШВ одржа состанок со лозарите од Неготино кои неодамна протестираа. На состанокот присуствуваа и директорот на Инспекторатот за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Неготино, Тони Делков.

Министерот Хоџа ги информираше лозарите дека откупната цена за оваа реколта ја објавија скоро сите винарии и изнесува 11 денари за Смедеревка и 12-13 денари за Вранец. Откупот се уште не е започнат со максимален интензитет, досега се откупени само 1,3 милиони килограми. Инспекторатот е на терен секојдневно, сите ваги се баждарени, а во наредните денови инспекциските контроли ќе бидат уште повеќе засилени.

Министерот и директорот Шапуриќ ги охрабрија лозарите секаде каде ќе има проблем во проценката на тежината, шеќерноста или откупната цена, лозарите веднаш да ги известуваат на телефонските броеви, со цел никој да не биде оштетен, а откупот на грозје да тече онака како што е договорено. Ова особено важи доколку винарските визби не ги почитуваат цените кои се јавно истакнати, секој земјоделец е повикан да пријави направилност веднаш. По дојавите за неправилност, веднаш ќе бидат испратени инспектори да ја утврдат фактичката состојба.

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков, повторно извести дека на страната на општината е објавен повик за пријавување на штети предизвикани од суша и ги повика сите оштетени да аплицираат.

Како што кажа и во Неготино, министерот Хоџа повтори и на состанокот дека ќе се заложи сите сорти на грозје да се опфатат со помошта од 2 ден/кг. Тој потенцираше дека Владата навистина е на страната на земјоделците, за што зборува и фактот дека во 2020 година и покрај економската криза од ковид – 19, државата исплати 20 милиони евра за лозарството, дел за субвенции а дел преку Ковид пакетите.

Министерот пред присутните лозари потенцираше дека Владата е на страната на земјоделците и дека тој лично гарантира дека ГРОЗЈЕ НЕМА ДА ОСТАНЕ НЕОТКУПЕНО!!!

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грозјелозариХоџа
Претходен напис Ви ги претставуваме најуспешните земјоделци за 2021
Следен напис Денеска облачно со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?