Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ви ги претставуваме најуспешните земјоделци за 2021
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Ви ги претставуваме најуспешните земјоделци за 2021
Магазин

Ви ги претставуваме најуспешните земјоделци за 2021

Објавено 08/09/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство,“ а со медиумска и организациска поддршка на платформата Агротим, се одржа манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“, финансирана од МЗШВ. На најдобрите земјоделци им беа доделени признанија за успешност во производството и професионалност во работата. Во продолжение ви ги претставуваме наградените земјоделци.

Најуспешен сточар

Признанието за најуспешен сточар го доби Албер Рушидовски од битолското село Лажец, кој повеќе од 12 години одгледува крави, а во тоа му помагаат неговата сопруга Мањола и нивниот син. На фармата има околу 60 грла крави, а планира наскоро да го зголеми своето стадо. На земјиштето што е во негова сопственост одгледува пченка и луцерка за добиточна храна. Млекото со години го предава во Битолската млекара. „Секој си ја знае маката. Кој сака да работи, ќе има, кој не сака, нека лежи дома“, вели Албер.

Најуспешен тутунопроизводител

Стеванче Велјановски од село Галичани, Прилепско, кој 19 години одгледува тутун е прогласен за најуспешен тутунопроизводител. Во тоа му помага целото него семејство – сопругата, двете деца и неговите родители. Оваа година има насадено тутун на два хектари. За производство на тутун има комплетна механизација, за орање, садење, дополнителна обработка на површините, систем за наводнување. Според него, од тутунот се живее многу добро, а Велјановски вели дека сѐ што досега стекнал и сѐ што направил во животот, го направил од тутунот.


Најуспешен полјоделец

Митат Исмаиловски од село Будаково, Могила, доби признание за најуспешен полјоделец. Митат потекнува од земјоделска фамилија, а со земјоделие на големо се занимава уште од далечната 1997 година. Повеќе од 20 години Митат заедно со целото негово семејство обработува околу 400 хектари земја. Имаат три фирми и сите фамилијарно работат, како што вели Митат, како задруга. Оваа година на сите 400 хектари Митат има насадено пченица, а планира да купи уште земјиште и уште повеќе да инвестира во земјоделието. На своите колеги земјоделци им порачува дека треба да се дружат, да контактираат меѓусебе, да си разменуваат мислења и искуства, за да се оди напред со земјоделието.

Најуспешен градинар

Признанието за најуспешен градинар го доби Ване Митев, градинар од село Василево, Струмичко, кој со земјоделие се занимава скоро 20 години. На 20-те хектари земјиште кое е во негова сопственост, со помош од неговата сопруга и останатите членови од семејството, произведува пролетна зелка, пролетна краставица, пиперки „ајварки“, бостан, црвена зелка, а во зимскиот период и оранжериска марула. Ване со своето семејство живее исклучиво од земјоделие, а, како што вели, и покрај несигурниот пласман, и во иднина планира да продолжи да се занимава со градинарство. Засега не планира зголемување на капацитетите, но и тоа го разгледува како можност за во иднина.

Најуспешен лозар

Ванчо Ристов од Неготино, кој повеќе од 40 години се занимава со лозарство е добитник на признанието за најуспешен лозар. Од половина хектар старо лозје на неговите родители, Ванчо стигнал до денешните 4 хектари лозови насади. Ги одгледува сортите шартоне, совињон бланк, околу 6 декари темјаника, потоа пино ноар, мерлот, каберне и вранец. Од режење на лозјето, па сѐ до добивање на финалниот производ, Ванчо, неговата сопруга и нивниот син сѐ работат сами со нивна механизација. Ванчо веќе осум години има регистрирано мини винарија и годишно произведува 20.000 шишиња, односно 15.000 литри вино.


Најуспешен пчелар

Симеон Петковски од село Рапеш доби признание за најуспешен пчелар. Тој потекнува од семејство кое има долга традиција во пчеларството, уште неговиот дедо и прадедо чувале пчели. Во моментов има 145 сандаци со пчели, и во најдобрите години вади и до 40 килограми мед. Најголема поддршка и помошник во пчеларењето му е неговата сопруга. Освен мед, Симеон произведува и прополис и поленов прав. Тој е задоволен од пласманот на медот, како што вели, има купувачи и на мало и на големо и планира во иднина да го зголеми бројот на сандаци.

Најуспешен овоштар

Гоце Поповски е добитник на признанието најуспешен овоштар, а во неговото семејство овоштарството има долга семејна традиција, повеќе од 50 години. На повеќе од 5 хектари Гоце одгледува јаболка со врвен квалитет, а ги извезува на странските пазари. Вели дека едукацијата е најбитна за успех во оваа гранка.

Најуспешна рурална жена

Мирјана Митровска од село Добрушево е добитничка на признанието за најуспешна рурална жена. Во 2017 година отворила фирма со кредит за самовработување од Агенцијата за вработување и оттогаш заедно со нејзиниот сопруг Никола, се занимаваат исклучиво со земјоделство. Главни помошници во извршувањето на земјоделските работи им се нивните три деца, Андреј, Стефан и Ангела (секако, кога не се на училиште), а Мирјана се надева дека еден ден тие ќе продолжат да го развиваат овој семеен бизнис. Земјиштето што го обработуваат е во нивна сопственост, произведуваат пченица, пченка, тутун, градинарски производи и планираат во иднина да го прошират производството.

Најуспешен млад земјоделец

Признанието за најуспешен млад земјоделец му припадна на Антонио Ангеловиќ од Лозово. Земјоделското производство за него е традиција која тој ја продолжува со сета сериозност и одговорост која ја носи оваа професија. На 700 хектари одгледува житарки и има 15 хектари лозје, а произведува и семенски материјал. Субвенции редовно користи, а последниве две години има купено два нови трактори, комбајн и приклучна механизација и има изградено силос и магацински простор. Тој вели дека ако се работи професионално и посветено, од земјоделието може добро да се живее.






Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:земјоделци
Претходен напис (ВИДЕО) ЗК Пелагонија: Оваа година беше вистински предизвик за сите нас
Следен напис Хоџа: Ви гарантирам, грозје нема да остане неоткупено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?