Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Пристигнати се 198 аликации за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси “ од ИПАРД 2 програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Пристигнати се 198 аликации за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси “ од ИПАРД 2 програмата
Агровести

Бачовски: Пристигнати се 198 аликации за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси “ од ИПАРД 2 програмата

Објавено 07/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заврши рокот за аплицирање за финансиска поддршка од ИПАРД 2 програмата односно од мерка 7„ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. До денеска, до АФПЗРР, пристигнати се вкупно 198 апликации со вкупна побарана сума од 25,7 милиони евра. Но, се очекува во наредните денови овој број да порасне затоа што апликациите кои се пратени по пошта треба допрва да пристигнат.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели дека интересот за реализација на проекти и на овој повик е голем. Тоа е добар показател дека домашните претпријатија имаат идеја како да ги модернизираат постојните и да отвораат нови погони кои позитивно ќе се одразат на домашната економија и на невработеноста.

„Согласно досега пристигнатите барања, најмногу интерес за реализација на проекти кои ќе бидат поддржани со средства од ИПАРД 2 има за секторот алтернативно производство, и за овој сектор има пристигнати 92 апликации. 41 апликација има пристигнато за инвестиции во сектор не-прехрамбени производи, за секторот рурален туризам има пристигнати 37 барања за реализација на проекти за развој на руралниот туризм..За проекти и инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци има пристигнати 19 апликации, четири барања има пристигнати за инвестиции во обезбедеување на услуги во земјоделството, три апликации има пристигнато за реализација на проекти за инвестиции во услуги за рурално неаселение, и две апликации има пристигнати за реализација на проекти, односно инвестиции во занаетчиски дејности.“, истакна Бачовски.

Апликантите имаа рок од 45 дена за прибирање на целокупната потребна документација за подготовка на предлог проектите. Преку мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ на располагање се над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредност. Повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Со помош на средствата од ИПАРД 2 програмата, физичките и правните лица имаат можност да ги модернизираат постојните или да отвораат нови микро и мали претпријатија кои ќе помогнат домашните земјоделски производи да добијат додадена вредност. Преку оваа мерка има можност и да се развива руралниот туризам, како и да се прави негова промоција.

Преку оваа мерка се создаваат услови да се развиваат руралните подрачја, a граѓаните добиваат можност да ги развиваат и руралните средини како и да отвораат нови работни места. Претпријата кои веќе имаат реализирано инвестиции и проекти преку Мерката 7, „Диверзификација на фарми и развој на мали бизнизи“ го зголемиле производството, ги модернизирале капацитетите а со новите повици планираат да воведат нови инвестиции за да ја прошират лепезата на производи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ипард
Претходен напис Формирана Комисија за проценка на штети на земјоделски култури предизвикани од суша
Следен напис (ВИДЕО)Бачовски: Минатите години нашата поддршка секогаш надминуваше над 100 милиони евра кои главно завршуваа во земјоделскиот сектор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?