Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кога овоштарите треба да го направат есенското сино прскање?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Кога овоштарите треба да го направат есенското сино прскање?
Агровест

Кога овоштарите треба да го направат есенското сино прскање?

Објавено 14/11/2019
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општо познато е дека овоштарите во најголем број случаи есенското прскање го извршуваат кога ќе опадне 80% од лисната маса на овошките. Се смета дека во таа фаза со едно прскање се покриваат најголем број на рани, повреди пред целосно опаѓање на лисјата.

Ова може да биде економична и добра стратегија кога до опаѓање на лисната маса доаѓа за многу кратко време. Кога лисјата се задржуваат на гранките и не опаѓаат додека не дојде период на студено време со првата слана. Меѓутоа критични се годините кога периодот на опаѓање на лисната маса многу се одолговлекува, проследен со топла есен и големи количини на дождови. Ваквите услови , кај чувствителните видови (круша, дуња) претставуваат сериозен проблем и бараат промена на стратегијата.

За чувствителните овошни видови, особно на присуство на бактерија, периодот од првото опаѓање на лисјата до 80% е предолг период без заштита. Првото оштетување со настанато со опаѓање на листот претставува влезно место за патогена бактерија. Во оовој случај поголем ефект сигурно се постигнува со прскање на самиот старт на опаѓање на лисјата, со цел намалување и елиминирање на присуство на патогени на самиот лист, гранки, стеблото при појава на првите ранички, повреди и друго прскање во фаза 80% од паднатите лисја.

Со што треба да се направи есенското сино прскање на овоштарникот?

Бакарните препарати се синоним за есенско прскање на овошје. Самото име на ово прскање – есенско сино прскање зборува за која група препарати се работи. Уште од крајот на 19 век се знае за фунгицидно и бактерицидно делување на бакарот. Освен тоа бакарот влијае и на зацврстување на младите гранки, изданоци и го прави растенето подготвено за влез во зимскиот период. Бакарот се користи и во органското производство. Токму бакарните јони се оние кои најефикасно вршат дезинфекција на презимувачките форми на вируси, бактерии кои се наоѓаат во кората и „чекаат“ погодно место за влез во растението (да се потсетиме на големиот број ранички, повреди кои остануваат после опаѓање на лисјата).

Голем е бројот на бакарни препарати кои постојат на пазарот и за време на изборот на препарати треба да се води сметка за формулацијата. Самата формулација битно влијае на растворање, остатоци за време на растворањето, големината на честичките а со самото тоа и прифатеноста и квалитетот на покривање на целната површина. Другиот критериум за избор на препарати е секако во кој облик бакарот се наоѓа во него. Бакарен оксихлорид, бакарен хидроксид, бакар сулфат и слично. Праксата покажала дека висока ефикасност бакарот покажува во форма Cu- оксихлорид. Количините на употреба на бакарните заштитни средства исто така варираат и зависат пред се од соединенијата, формата на бакарот во кој се наоѓа и секако од количината на бакар (активни материи) по килограм препарат. За да добиете посакуван ефект за употреба на бакарни препарати, количината на употреба мораат да бидат 1,8- 2 кг чист бакар по хектар.

Може да ви се допадне

Утре во Виница ќе се спроведе прскање против комарци од земја
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Прскање против комарци во Југоисточниот регион в четврток и петок
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Пестицидите во Србија наскоро ќе бидат достапни само со рецепт!
Таг:бакардрвцаесенскозаштитапрскањестратегија
Претходен напис Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски учествува на 46- тата конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија
Следен напис (ВИДЕО) Одличен потег на ПЕ Штип: Картичките „зелена нафта“ доставени до секој земјоделец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?