Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Шарбојца – место на Галичица за незаборавно кампување во дивина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) Шарбојца – место на Галичица за незаборавно кампување во дивина
Магазин

(Фото) Шарбојца – место на Галичица за незаборавно кампување во дивина

Објавено 01/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На надморска височина од 1470 м, во зоната на букова шума и високопланински пасишта на Галичица се наоѓа место за кампување во дивина, Шарбојца. Кампот е наменет за краток престој (преноќување). Местото опфаќа површина од 450 м2, (25×18 м), заградено е со челична жица и има 5 локации за шатори (секоја 10,5 м 2), сув тоалет и корпа за отпадоци. На овој локалитет нема извор или бунар на вода.

Фото: galicica.org.mk
Фото: galicica.org.mk

Планиска куќа Шарбојца – Асанџура

Планинската куќа е сместена во централниот дел на Националниот парк „Галичица“ на надморска височина од 1470 м, на локалитетот Шарбојца (Асан Ѓура). До неа се стигнува од две страни и тоа од охридската страна преку селото Велестово по планински пат со должина од 18,6 км од кои 4,1 км се асфалтен пат и 14,5 км се земјен пат.

Фото: galicica.org.mk

Од преспанската страна се стигнува по пат со вкупна должина од 9,1 км од кои 3,7 км се асфалтен пат и 5,4 км се земјен пат. Оваа планинарска куќа ви овозможува да се оттргнете од градското секојдневие и да уживате во беспрекорната природа што ја поседува Националниот парк.

No photo description available.
Фото: Facebook

Планинската куќа располага со 20 кревети во 4 комплетно опремени соби, кујна, соба за дневен престој, мини ресторан за 20 особи и летна тераса што ќе ви овозможи да се чувствувате удобно и комфорно.

Фото: galicica.org.mk

Во близина на куќата се наоѓа пештерата Самотска дупка, Симонческа локва, врвот Томорос и многу други вредности кои трајно ќе останат врежани во вашите сеќавања.

Фото: galicica.org.mk
Фото: galicica.org.mk

http://galicica.org.mk/atrakcii/izletnichki-mesta-i-drugi-znamenitosti/mesto-za-kampiranje-vo-divina-sharbojca/

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:галичицадивинакампувањеПланиска куќа Шарбојца - АсанџураШарбојца
Претходен напис (Видео) На повторно отворената фарма под вода се одгледува овошје и зеленчук
Следен напис Утре во Македонски Брод ќе се спроведува теристичка дезинсекција со цел уништување на комарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?