Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Проектите од ТАВ Програмата ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во сите општини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Проектите од ТАВ Програмата ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во сите општини
Агровести

Бектеши: Проектите од ТАВ Програмата ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во сите општини

Објавено 25/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со реализација на проектите од ТАВ Програмата Владата има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните во сите општини, порача министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска изврши увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ.

Се работи за пат долг шест километри со вредност на инвестицијата од 47 милиони денари, кој е еден од 94-те проекти од ТАВ Програмата за поддршка на општините.

-За сите проекти кои покажаа економска оправданост предвидовме средства, а во соработка со компанијата ТАВ беа избрани проекти кои што се јавен интерес, како што се локални патишта, водовод и канализација, училишта, градинки и други проекти. Нашата главна цел е со реализација на вакви проекти да го подобриме животот на граѓаните во сите општини низ државата. Тука во општина Сарај директно од програмата на ТАВ ќе се реализираат два проекта, а дополнително ќе се реализира и проект за изградба на спортска сала. Со ова покажуваме дека локалната власт заедно со централната власт може да реализира проекти во краток рок, рече Бектеши.

Градоначалникот Беџети и се заблагодари на Владата за прифаќањето на овој проект, кој, како што кажа, е многу битен за општината.

-Ние како општина аплициравме за овој проект и ни беа одобрени средства во вредност од 47 милиони денари за реконструкција на патот од село Буковиќ до село Раовиќ во должина од шест километри. Ќе се прошири на одредени места и ќе има браници поради положбата на населеното место за посигурно движење на граѓаните во овој предел. Мило ми е што и Владата имаше разбирање за нашето барање и со ова докажуваме дека и во малите населени места се инвестира и се грижиме за граѓаните без разлика на тоа колку луѓе живеат на одредено место, посочи Беџети.

Заменик министерот за транспорт и врски Реџепи истакна дека овој пат ќе биде изграден по сите стандарди.

-Изградбата на квалитетна патна инфраструктура за Министерството за транспорт и врски е приоритет над приоритетите. За жителите во овој регион ќе биде од голема важност и ќе влијае во подобрување на квалитетот на нивниот живот, потенцира Реџепи.

Преку ТАВ Програмата се реализираат вкупно 94 инфраструктурни проекти во речиси сите општини во земјата, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра.

МИА

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:Бектеши
Претходен напис Хоџа: Имав чест лично да им поделам картички за зелена нафта на земјоделците од Тетово, Желино, Теарце и Јегуновце
Следен напис Министерот Хоџа: За каналот за наводнување Равен – Речица има проблеми, но и помрднување од нулта точка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?