Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хемиски и бактериолошки неисправна водата за пиење во пет села во Виничко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хемиски и бактериолошки неисправна водата за пиење во пет села во Виничко
Агровести

Хемиски и бактериолошки неисправна водата за пиење во пет села во Виничко

Објавено 25/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Водата за пиење од локалните водоводи во три села во општина Виница има зголемена физичко-хемиска неисправност што е утврдено со последните испитувања што ги направиле стручни екипи од Центарот за јавно здравје од Кочани.

Резултатите од земените примероци во вкупно 12 села покажале дека во Трстија, Трсино и Крушево има зголемена потрошувачка на калиум перманганат, поради што неопходна е претходна преработка и дезинфекција на водата за да може да се користи за пиење.

Микробиолошките тестирања на примероци вода за пиење во селата Калиманци и Липец потврдиле зголемено присуство на бактерии, поради што се препорачува забрана за користење.

– Испитувањата на физичко-хемиските својства на водата во трите населени места покажаа отстапување на параметрите од законските и стручни прописи, поради што е неопходно таложење, флокулација, коагулација и филтрирање. Кај локална чешма во двор на приватно лице во Липец и во бунар за вода во Калиманци е констатирано зголемено присуство на бактерија псеудомонас аеругиноза, поради што водата не треба да се користи за пиење, за лична хигиена и за миење овошје и зеленчук. Потребно е да се стави табла со натпис со кој ќе се информираат жителите и посетителите дека истата не е безбедна за употреба, се истакнува во извештајот од Центарот за јавно здравје – Кочани.

Како препорака од Центарот за јавно здравје до Општина Виница, која ги нарачала испитувањата, се нагласува дека кај сите селски водоводи е неопходна редовна дезинфекција.

Испитувањето на примероците од локалните водоводи во останатите седум села покажале задоволителни физичко-хемиски и бактериолошки резултати, но се препорачува како превентива водата да се преврива водата пред да се користи за пиење.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виничковода
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи
Следен напис Во Србија, 24.000 хектари се под органско производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?