Фондот за иновации и технолошки развој го презентираше јавниот повик за Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.
Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20 милиони денари и тоа:
- за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 (педесет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект односно
- за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 (педесет) до 250 (двестотини и педесет) и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот.
Износот на остварени годишни приходи и просечен број на вработени се утврдува согласно финансиските извештаи за 2020 и 2019 година.
– Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па сѐ до преткомерцијална фаза.
– Рокот за аплицирање е до 15.10.2021 година, до 14.00 часот.
Целосната проектна апликација е достапна на fitr.mk/komercijalizacija2021/
