Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на капини – Стопанско значење и рентабилност на производството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одгледување на капини – Стопанско значење и рентабилност на производството
АгровестиРастително производство

Одгледување на капини – Стопанско значење и рентабилност на производството

Објавено 03/07/2023
Сподели
9 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стопанско значење на одгледувањето на капини

Капината како овошна култура има големо стопанско значење особено во повисоките региони до 700 метри надморска висина, каде што има повеќе од 800 мм врнежи годишно или пак постојат услови за наводнување. Посебното значење на одгледувањето на оваа овошка го детерминираат следните фактори:
-Голема употребна вредност на плодот
-Рентабилноста на производството и
-Придонесот за дополнително вработување

Употребна вредност на плодот

Капината се употребува како храна во свежа состојба, лек и суровина за преработка. Плодовите на капината поседуваат уникатни хранливи и лековити својства, па заради тие особини спаѓаат во доста барано и ценето овошје. Во лековити намени се употребуваат плодот и листот. Големата лековита вредност на капината е производ на специфичниот хемиски состав, а особено високата содржина на витамини, минерални материи и поедини микроелементи (посебно Ca, Mg, Fe)

Рентабилност на производството

Од аспект на квалитетот на економиката во производството на капини, особено се значајни следниве фактори:
-Капината стапува во род веќе во втората година (а во третата дава полн род)
-Вложените средства значително побрзо се враќаат во однос на повеќе овошни видови со исклучок на малини и јагоди
-Раѓа редовно и богато
-Добро се прилагодува на различни услови на одгледување, а бидејќи касно цвета доцните пролетни мразеви не ѝ наштетуваат
-Поотпорна е на болести и штетници во однос на малината
-Добро медоносно растение

Придонес за дополнително вработување

Капината е трудово интензивна култура. Потребите од работна сила се релативно големи во сите фази на процесот на производство, а посебно во фазата на берба каде што се вклучуваат и категории од селското и градско население, кои по правило претставуваат издржувано население (деца, ученици, студенти, домаќинки, а и постари лица).

Покрај неспорно големото стопанско значење на производството на капини, треба да се имаат предвид и одредени проблеми кои можат да се појават, како на пример отежнат пласман на производите во изразито родни години и падот на цената, големата осетливост на свежите плодови на неадекватен транспорт и др.

Агроеколошки услови за одгледување на капини

За да се даде што пореална оценка за квалитетот на природните фактори за производство на капини на одреден локалитет, потребно е да се одговори на тоа кои се барањата на капината во поглед на природните услови. Питомите култивирани сорти капини за разлика од дивите, зависно од потеклото, особеностите на сортата технологијата на одгледувањето имаат поголеми барања во однос на природните услови.

За одгледување на култивираните сорти капини најмногу одговараат умерено топли и умерено влажни подрачја. Од климатските фактори најголемо значење имаат, светлината, топлината (температурата), водата, односно влажноста – почвена и воздушна, ветерот, снегот. Успешен раст и развој на растенијата овозможува хармоничното делување на сите овие фактори на надворешната среднина, но улогата на секој од нив е специфична и конкретна.

Светлина

Светлината е значаен фактор за раст, развој, родност и квалитет на плодот на капината. Таа е единствен извор на енергија за процесот на фотосинтеза, чиј резултат е создавањето на органска материја. Од интензитетот на светлината зависи температурата, транспирацијата на листовите, цврстината и правилниот раст на изданоците, формирањето на вегетативни и генеративни органи отпорни на ниски температури, болести и штетници.

Поради недостиг на светлина, изданците на капината се издолжуваат во висина, образуваат долги танки гранчиња, листовите привремено опаѓаат и доаѓа до оголување на долните делови на изданоците, се суши голем дел на заврзани плодови се намалува бројот и масата на плодовите и се влошува вкусот и биохемискиот состав на истите.

Затоа, за одгледување на капини треба да се избегнуваат локации во тесни долини и котлини, како и во непосредна близина на високи шуми. Светлосниот режим може да се подобри со правилен избор на местоположбата и системот на одгледување на капините.

Топлина

За сите животни процеси на растенијата, потребна е одредена температура на воздухот и земјата. Потребите за топлина се менуваат зависно од фазата на развој. Оптималните просечни дневни температури во вегетациониот период за култивираните сорти капини се движат од 18-25 степени Целзиусови. Недостигот на топлината во оптимални вредности, негативно влијае на отпорноста на растенијата, приносот и квалитетот на плодовите.
И во фаза на зимско мирување ниските температури често причинуваат штети на питомите сорти капини, најчесто ако во зимата влегле недоволно припремени поради присилно завршување на вегетацијата и ако има големи мразеви во време кога нема снежен покривач.

Влажност

Водата е основна состојка на ткивото на растението, вегетативните органи на капината содржат над 50% вода, а плодовите и повеќе 85%. Недостигот на вода има негативно влијание поради недоволно развиениот коренов систем, големата лисна маса и интензивниот раст на изданоците.

За нормален раст, развој и родност потребно е во насадите од капина во текот на вегетациониот период да има 75-80% земјишна влага и просечната релативна влажност на воздухот да биде исто така 75-80%.

За одгледување на капини не се погодни подрачја кои во летните месеци имаат релативна влажност на воздухот под 65% и високи дневни температури.
Дефицитот на влага во насадите предизвикува повеќе негативни последици, образување на мал број на недоволно развиени изданоци, плодовите остануваат ситни и се смалува приносот и квалитетот.
Капината исто така не поднесува и вишок на влага во земјиштето, нивото на подземни води во фенофазите на раст и развој и зреење на плодовите би требало да биде најмногу до 90 см под површината на земјиштето.

Ветар

Има голема улога во регулирање на воздушниот режим, неговото влијание зависи од јачината, правецот зачестеноста, како и од физиолошката состојба на растенијата во моментот на појавата.
Благиот ветар го подобрува опрашувањето, го просушува превлажното земјиште, го успорува развојот на габните болести, ги подобрува условите за фотосинтеза и др.
При подигање на насади потребно е да се бираат такви местоположби, кои ќе бидат заштитени од доминантни и јаки ветрови.

Снег

Снежниот покривач во тек на зимскиот период има двојно корисна улога, го спречува замрзнувањето на полегнатите изданоци и кореновиот систем и обезбедува неопходни резерви на влага за вегетациониот период.

Земјиште

Капината спаѓа во култури кои имаат големи и специфични потреби кон земјиштето кое го обезбедува растението со хранливи материи, вода, кислород и јаглерод диоксид. Од земјиштето растението и плодовите добиваат повеќе од 74 хемиски елементи од кои најзначајни се азот, фосфор, калиум, како и калциум, магнезиум, манган, бакар, цинк, кобалт, бор, железо и др. таканаречени микроелементи кои се исто така неопходни, но во мали количини.
На култивираните сорти капини најмногу одговараат длабоки (околу 1,5 м.) растресити, добро пропустливи, средно тешки, плодни, умерено влажни, слабо кисели земјишта со поволен водно воздушен и топлотен режим.

Ортографски фактори и положба

Основните ортографски фактори (надморска висина, наклон на теренот, експозиција) имаат битно влијание на донесување на одлука за подигнување на комерцијални насади од капини,
За подигнување насади од капини не се погодни локации на кои се акумулира и подолго се задржува вода, тесни долини и местоположби кои се на удар на ладни суви и јаки ветрови, ако не се обезбедени со ветрозаштитни појаси, стрмни терени кои се подложни на ерозија.

Дипл. инг. агроном Лупче Данилоски, АПРЗ

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:капини
Претходен напис Температурите над 26°C во кокошарникот претставуваат ризик, што да се направи?
Следен напис Постојат растенија кои змиите не можат да ги поднесат – Засадете ги во градината за да бидете безбедни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?