Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Постојат растенија кои змиите не можат да ги поднесат – Засадете ги во градината за да бидете безбедни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Постојат растенија кои змиите не можат да ги поднесат – Засадете ги во градината за да бидете безбедни
АгровестиМагазин

Постојат растенија кои змиите не можат да ги поднесат – Засадете ги во градината за да бидете безбедни

Објавено 03/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со порастот на температурите, змиите се почесто излегуваат од нивните живеалишта и се зголемува бројот на повици од вознемирени граѓани за средби со змии.
Некои растителни видови се многу ефикасни во држењето на змиите подалеку од вашиот дом.

Линдзи Хајланд, експерт за градинарство и основач на Urban Organic Yield, истакнува дека не постои ниту едно „волшебно растение“ кое засекогаш ќе ги избрка сите змии. Сепак, постојат растенија чии различни својства можат да одбијат различни видови змии, што зависи од змијата за која станува збор и од околината во која се наоѓа.

Ветеринарката и авторка на текстовите The Reptile Room, Џорџина Уши Филипс, ги наведува мирисот и физичкиот изглед како причини зошто некои растенија ги одбиваат змиите. Имено, на змиите им е непријатно да ползат во близина на одредени растителни видови.

Змиска билка или Свекрвин јазик

Најпознатото растение кое ги „брка“ змиите е змиската билка, популарно позната како „свекрвиот јазик“. Станува збор за сукулент и многу популарно собно растение, кое се смета за одличен избор за почетници во одгледување растенија.

„Често се сугерира дека визуелниот изглед на ова растение е она што ги одвраќа змиите, но не најдов докази за да го поткрепат тоа“, забележува Филипс. Наместо тоа, таа вели дека „веројатно острите и крути лисја“ ја држат змијата подалеку од ова растение.

Хризантеми
„Постојат многу растенија кои ги одбиваат змиите, но најефикасни се оние кои содржат хемикалија наречена бухач“, вели Хајланд.

Тоа е природна хемикалија која доаѓа од цветот на хризантемата и е смртоносна за змиите.

Покрај змиите, хризантемите одбиваат и бројни инсекти. Според National Geographic, споменатата хемикалија може да се екстрахира и да се користи за создавање природни инсектициди кои земјоделците ги користат за третирање на земјоделските култури за да ги заштитат од грини, мравки и лисни вошки, без да ѝ наштетат на животната средина.

Невен
Невенот испушта силен мирис кој многу видови змии го сметаат за неподнослив, па затоа ќе ги избегнуваат областите каде што се засадени овие цвеќиња.

Како и хризантемите, невенот има двојно делување, како едно од најпопуларните средства за заштита од инсекти.

Пелин
„Кога градите голема градина во област во која има змии, секогаш препорачувам да се засади пелин околу рабовите на дворот или периметарот на градината“, вели Грејнџер МекКолоу, основач и извршен директор на Elite Patio Direct.

Змиите не можат да го поднесат мирисот на ова растение. Освен тоа, бидејќи пелинот е прилично голем, ова растение може физички да ги вознемирува змиите и да го наруши нивното сетило за мирис.

Покрај змиите, пелинот одбива и бројни инсекти.

Босилек и лук

„Змиите не го поднесуваат мирисот на босилек“, вели МекКолоу.

„Некои луѓе веруваат дека силниот мирис на лукот ги одбива змиите“, објаснува Мидлтон. „Садењето лук околу вашата градина или користењето спрејови на база на лук може донекаде да ги одврати.“

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:змииневенпелинхризантема
Претходен напис Одгледување на капини – Стопанско значење и рентабилност на производството
Следен напис Од полноќ се намалува цената на дизелот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?