Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Растенијата ви ги нападнаа лисни вошки? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Растенијата ви ги нападнаа лисни вошки? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив
Совети

Растенијата ви ги нападнаа лисни вошки? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив

Објавено 26/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Забележливо е дека со годините болестите и штетниците се сѐ поагресивни, растенијата се поболни. Лисните вошки се само дел од штетниците кои буквално преку ноќ можат да го уништат повеќемесечниот труд.

Растителните или лисни вошки се мали инсекти со големина до 4 милиметри, кои може да имаат или да немаат крилја. Често нивните тела се покриени со восок или со влакна. Тие се хранат со растителни сокови од листовите или од цветните пупки. Често се наоѓаат на лисја и се именувани по нив. Лисните вошки се размножуваат многу брзо и можат да нападнат големи површини со растенија за кратко време. Секоја лисна вошка може да произведе 3-10 нови индивидуи дневно, а тоа може да потрае и до 4 недели. Се појавуваат неколкупати годишно.

Лисните вошки се најчести непријатели во градината. Морковот, целерот, магдоносот, пиперката и розата се само некои од најчесто изложените растенија.

Заразените лисја се деформирани, се свиткуваат и имаат жолтеникава боја. Овој непријател е најактивен од јуни до септември, но наглиот пораст на температурата после долгите дождливи периоди прави идеални услови за размножување. Понекогаш предизвикуваат поголема штета со пренесување на болести отколку самото исцицување на соковите од растението.

Овие штетници можат да се уништат со поставување на заштитни мрежи или лепливи плочки, природни подготовки, а во случај на поголеми напади се користат и инсектициди.

  1. Лисните вошки можете физички да ги отстраните со миење на листовите, деловите и стеблата кои се погодени можат да се исечат, да се измијат со млаз вода или да се испрскаат со шеќерен сок за растителните вошки да се измијат од растението или да се залепат за неа.

2. Користење на инсекти и птици како природни одбранбени механизми против лисна вошка – бубамари, муви или стеници.

3. Млеко против лисни вошки од коприва:

-Наполнете голем сад со лисја од коприва,

-Покријте ја копривата со вода, а садот со мрежа,

-Ако растворот почне да се пени, додадете грст вар,

-Користете го ѓубривото за наводнување на растенијата, измешано со вода во сооднос 1:10, на секои 3 до 5 дена.

4. Подготовка на раствор со сапуница против лисни вошки (за растенија што не се јадат!):

-На 4 литри вода се додаваат 50 мл детергент за садови и растенијата се прскаат, особено долната страна на листовите.

5, Раствор од тутун:

-Можете да земете пепел од цигари и да го посипете над земјата околу растението зафатено со лисни вошки,

-Од листовите од тутун може да се направи чај со натопување во топла вода три часа, додавање малку детергент за садови и прскање на растението.

6. Раствор од пелин

-30 грама сув пелин се прелеваат со 10 литри вода и се оставаат преку ноќ,
со овој препарат се третира растението со прскање или наводнување во размер 1:10 во однос на вода.

Извор: krenizdravo.hr

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:лисни вошки
Претходен напис Прогласена енергетска криза, Комисијата за јавно-приватен дијалог станува кризно тело
Следен напис Пченицата во Романија потфрли, Египет купува руска пченица, Индија не планира да ја увезува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?