Украсната детелина (lat. Oxalis triangularis) има срцевидни виолетови листови и многу ситни цветчиња кои можат да бидат бели, жолти или црвеникави.
Може да се одгледува во затворен простор како собно растение или на отворено, во жардиниери или поголеми саксии. Многу убав украс е околу фонтани и вештачки езера.
Интензитетот на обоеноста на листовите зависи од сортата, вариететот и осветленоста. Високите цветни дршки им овозможуваат на цветовите доволно сонце бидејќи тие се наоѓаат над листовите.

Во текот на ноќта листовите се опуштаат, се виткаат како чадор, а цветовите се затвораат. Со првите утрински зраци на сонцето целото растение оживува. Листовите се исправуваат, а цветчињата се отвараат. На ист начин ќе реагираат и на ветер и дожд. Листовите брзо се затвораат за да се заштитат од оштетувања.
За садење на украсна детелина изберете супстарт кој е богат со органски состојки. На сака премногу влага во зоната на коренот и треба да ѝ се овозможи добра дренажа на земјата. За место на садење изберете осветлени места или прозори на јужна страна. Не поднесува силна сенка.
Полесно поднесува краткотрајни сушни периоди од дождливи денови. Не поднесува мраз, екстремно високи и ниски температури.

За добар раст почвата треба да биде умерено влажна, особено кога растението е младо. Не поднесува влага која стагнира во зоната на коренот. На украсната детелина ѝ одговара малчирање.
Од штетници претежно ја напаѓаат лисни вошки.
После цветање отстранете ги исушените цветови и цветни дршки. Престанете да ја наводнувате детелината два до три месеци за да се подготви за зима. Доколку не можете да ја преместите, тогаш прекријте ја со малч.
Органски состојки и компост
Може да се размножува со делење и со семе, иако почест се размножува со делење. Грмушката на украсна детелина се вади од саксијата или од земјата. Внимателно се разделува кореновата маса. Поделеното растение повторно го засадуваме на иста длабочина. Супстратот за садење треба да биде богат со органски состојки и компост.
Сеидбата на семето се изведува во пролет, на растојание од еден сантиметар и се прекрива со тенок слој супстрат кој треба да биде умерено влажен.
