Пелинот е многу раширено растение. Расте на каменести и сончеви места, на пусто и необработено земјиште, на речни брегови, на карпи, главно на суви места. Но, ако сакате интересна грмушка во градината или на балконот, пелинот е фантастичен избор.
Стеблото на пелинот е исправено, разгрането и прекриено со густи, сребрено сиви влакненца. Расте во височина од 50 до 100 см. Растението е со сивкаста боја, а листовите се тројно перести.
Цветот на пелинот е полутркалезен и ситен, а се развива на врвот на богато разгранетото стебло. Пелинот има силен и карактеристичен мирис.
Растението содржи етерично масло, горчливи состојки, флавоноиди, танини и се користи во лековити цели.

Може да се одгледува во градина или на балкон, а не бара никаква посебна нега.
Размножувањето на пелинот може да се постигне со семе или одделување и пресадување на стари грмушки. Се собираат само врвовите од растението со листови и цветови и свежите листови од долниот дел на стеблото.
Примена: Пелинот го поттикнува лачењето на киселини и желудечен сок, помага кај желудочни проблеми проследени со надуеност, ја поттикнува работата на жолчката.
Напомена: Трудниците и доилките не смеат да го консумираат. Пелинот не смее да се зема ако постои опасност од мозочен удар, кај оштетувања на желудникот и внатрешните органи и ако се земаат препарати од железо.
Извор: living.vecernji.hr
