Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс” и „твикс” на производителот „Дукатос”?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс” и „твикс” на производителот „Дукатос”?
Агровести

Ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс” и „твикс” на производителот „Дукатос”?

Објавено 05/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во тек е инспекциска контрола кај двајца увозници за сладоледите „сникерс” и „твикс”.

Дали ќе бидат повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс” и „твикс” на производителот „Дукатос”, се очекува наскоро да соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Овие два вида сладоледи, како и овошниот јогурт со рибизла на „Дукатос” веќе не може да се купат во Црна Гора, БиХ и Србија. Повлечени се од маркетите по сомнежот дека во нив има остатоци од пестицидот етилен оксид.

– Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, во вторникот попладне добивме нотификација за увезени небезбедни кондиторски производи кои во својот состав содржат адитив со наод на етилен оксид. Станува збор за адитивот locust bean gum – велат од АХВ за МИА.

Согласно воспоставената процедура за постапување по добиената нотификација, инспекциските служби на АХВ вршат контрола кај двајца увозници.

– По спроведената инспекциска контрола ќе бидат утврдени количините и видовите увезени производи и ќе се дефинираат насоките за понатамошно дејствување – нагласуваат од Агенцијата за храна.

Сладоледите „сникерс” и „твикс” и овошниот јогурт со рибизла на „Дукатос” најпрво беа повлечени во Хрватска, а потоа и во БиХ и Србија. Според српскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, некои земји, како Белгија, не ги сметаат ваквите производи за штетни и ги пуштаат во промет.

Доколку се утврди дека спорните производи се исправни, тие ќе бидат вратени на пазарот, велат од Агенцијата за храна на Црна Гора. Во спротивно, производите ќе бидат уништени, за што јавноста ќе биде информирана.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дукатоссникерствикс
Претходен напис Во првите шест месеци од годинава извозот изнесува 3,4 милијарди евра
Следен напис (ФОТО) Во пожар настрада и добиток во село Четирце
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?