Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СИТЕ информации за Мерка 112: Колку бодови, од кои региони и која дејност има предност за грант од 10.000 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > СИТЕ информации за Мерка 112: Колку бодови, од кои региони и која дејност има предност за грант од 10.000 евра
Јавни огласи и повициРурален Развој

СИТЕ информации за Мерка 112: Колку бодови, од кои региони и која дејност има предност за грант од 10.000 евра

Објавено 30/07/2021
Сподели
11 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.

Мерката 112 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрувањето на поддршката.

КОРИСНИЦИ

Општа дефиниција за корисник

Потенцијални корисници за Mерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност се носители на земјоделско стопанство упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој и тоа

  • Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
  • Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување

Млад земјоделец е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години.  На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ

  • Барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената на носителот на земјоделското стопанство или новото земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
  • Подносителот на барањето да има минимум средно образование од областа на земјоделството или поминато обука за здобивање на квалификации за земјоделска дејност освен во случај кога деловниот план предвидува потреба од обука,
  • Подносителот на барањето да е носител на земјоделското стопанство и
  • Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.

ВИСИНА НА ПОДДРШКА

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 600.000,00 денари.

Корисникот на средства по Мерка 112 може да поднесе барања по други мерки од Програмата, во согласност со доставениот деловен план. Начинот и постапката за доставување на барања по други мерки се уредува во согласност со Програмата.

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР HA КОРИСНИЦИ

Избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 112. Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка, се рангираат со бодување согласно подолу прикажаната табела. АФПЗРР ќе склучи договори во рамките на расположливите средства.

    Цели на мерката   (критериуми)Бодови
Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за после бербени активности во растително производство;  10
Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло;  10
Доколку активностите од деловниот план се одвиваат во ридско-планински подрачја;10
Доколку корисникот се занимава или планира да се занимава со сточарство;10
Доколку корисникот е член на земјоделска задруга15
Доколку корисникот е индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство и регистриран вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност или носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалитско осигурување    35
Доколку корисникот е во плански регион, според стапенот на развиеност на регионот:
Скопски регион ————————————————————————————————1
Југоисточен регион——————————————————————————————– 2
Источен регион————————————————————————————————-3
Пелагониски регион——————————————————————————————-4
Вардарски регион———————————————————————————————-5
Југозападен регион——————————————————————————————– 6
Полишки регион———————————————————————————————– 8
Североисточен регион—————————————————————————————10
   
Вкупно100

 Најголем број на бодови што може да ги добие корисникот за помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност е 100 бода.

     За да биде прифатлив, корисникот за помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност треба да добие најмалку 60 бода

–           Напомена: Барателот да не користел помош од мерките 112 Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност и 113 Поддршка за поттикнување на земјоделското производство.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА МЕРКА 112

1.Уредно и целосно пополнето електронско Барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година  ПРР – 112; (поднесено преку e-baranje.ipardpa.gov.mk)
2.Понуда со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка;
3.Деловен план – изготвен согласно Упатството за изготвување на деловен план за Мерка – 112;
4.Доказ за завршено образование: – Диплома за завршено средно образование од област на земјоделство или – Сертификат за завршена обука за здобивање на квалификации за вршење на земјоделска дејност Напомена:  Доколку барателот нема сертификат за завршена обука за квалификуваност за вршење на земјоделска дејност потребно е Деловниот план да предвидува соодветна обука.
5.Доказ за поседување или располагање со недвижен имот: – Имотен лист – издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик, или –  Договор за закуп на земјиште/објект во траење од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик, и прилог имотен лист за земјиште/објектот на име на закуподавачот издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик, или – Договор за концесија на земјиште/објект во сопственост на Република Македонија со важност од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик со Записник за воведување во владение и прилог имотен лист;     Напомена: Доказ за поседување/располагање со недвижен имот се доставува во случај кога инвестицијата опфаќа подигање на нов овошен/лозов насад, систем за наводнување, ископ на бунари, градба, конструкција/реконструкција на објект/и и пластеници;
6.– Договор за испорака на вода за наводнување со назначени катастарски парцели на кои се однесува договорот – склучен со водна заедница или водостопанско претпријатије, или – Дозвола за црпење на вода која се користи за наводнување издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина, или – Известување за поднесено барање за издавање на Дозвола/Мислење за црпење на вода која ќе се користи за наводнување издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина или – Мислење за црпење на вода која се користи за наводнување издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање;    Напомена: (за инвестиции кои вклучуваат набавка на систем за наводнување и/или ископ на бунар);
7.Одобрение за градба, конструкција/реконструкција со проектна документација врз основа на која е издадено одобрението за градба, конструкција/реконструкција од единицата за локална самоуправа    Напомена: (за инвестиции кои вклучуваат градба, конструкција или реконструкција на објекти)
8.Договор/Понуда за услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за изработка на опрема, конструкција на елементите и инсталирање на опрема вклучително и софтвер;Договор/Понуда за услуги од трети лица за изработка на деловен план, студии, елаборати, планска и техничка документација;   Напомена: Договор за услуги од трети лица се доставува доколку услугата е од физичко лице, или Понуда се доставува доколку услугата е од правно лице. Договор за услуги се доставува доколку барателот користи услуги од трети лица и за истите бара финансиска поддршка;
9.Договор/Понуда за обука за вршење на соодветна земјоделска дејност согласно предвидениот производствен план од деловниот план (доколку барателот не поседува доказ за завршено соодветно образование а побарува финансиска поддршка за наведените обуки);
10.Решение за упис во регистар на земјоделски задруги при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (доколку земјоделското стопанство е член на земјоделска задруга)
11.Доказ/Потврда за заснован/незаснован работен однос во последните 2 години, издадена од Агенција за вработување на Република Македонија

Потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе електронско барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година  по соодветната мерка.  

По креирањето и поднесувањето на електронското барање за финансиска поддршка, истото се превзема, печати и потпишува од страна на Барателот и заедно со сите пропратни документи, соодветни на типот на инвестицијата се доставува до  Агенцијата во затворени во плик на кој на горниот лев агол да пишува

„Барање за финансиска поддршка, Архивскиот број на Барањето (0721-11216-ХХХХ/1)“ на следната адреса:

АФПЗРР – Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ул. „3-та Македонска бригада” бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје, Република Македонија или лично на рака во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), на истата адреса.

Крајниот рок за доставување на барањата е 29.08.2021 година.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:мерка 112млад земјоделец
Претходен напис Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје
Следен напис Кампања на АХВ: Угинатите животни да не се допираат, туку да се пријават на апликација
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?