Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се отвори нова подрачна единица за потребите на МЗШВ во Општина Аеродром
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе се отвори нова подрачна единица за потребите на МЗШВ во Општина Аеродром
Агровести

Ќе се отвори нова подрачна единица за потребите на МЗШВ во Општина Аеродром

Објавено 28/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин извршија увид на капацитетите на новата Подрачна единица на МЗШВ во Долно Лисиче.

„Заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска извршивме увид на капацитетите на новата Подрачна единица на МЗШВ, која наскоро ќе биде отворена во склоп на просториите на месната заедница Долно Лисиче.
Ние како матично Министерство, постојано работиме на подобрување на условите на подрачните единици на МЗШВ, во насока на олеснет пристап до информации и услуги за земјоделците.
Во Општина Аеродром досега немаше подрачна единица на МЗШВ, но во соработка со градоначалникот, обезбеден е простор во кој наскоро ќе биде отворена за работа, нова подрачна единица за потребите на МЗШВ.
Со овој чекор, ќе им овозможиме на земјоделците кои гравитираат во овој реон, полесен пристап до нашите услуги“, напиша министерот Хоџа на неговиот фејсбук-профил.

No photo description available.

Исто така, посетата на Долно Лисиче беше искористена за разгледување на можностите за руралниот развој, односно искористување на средствата од ИПАРД-фондовите. Притоа беше извршен увид на еден од веќе реализираните проекти, поточно езерото рибник „Јасика“ во Долно Лисиче. Министерот Хоџа изрази задоволство на потенцијалите што ги нуди просторот и даде поттик за зголемување на можностите за развој на земјоделството и руралниот туризам преку инвестиции во аквакултурата.

May be an image of one or more people, people standing, lake and tree

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Арјанит Хоџадолно лицичезлатко маринопштина аеродром
Претходен напис Во Скопје во петок ќе се прска против ларви од комарци
Следен напис Бачовски на инфо сесија за ИПАРД во Охрид: Расположливиот буџет за Мерка 7 е 9.6 милиони евра, а крајниот рок за поднесување на барања е 22 август
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?