Ратко Захариевски од Македонска Каменица, е еден од похрабрите земјоделци кој решил своите полиња во овој регион да ги засади со најскапиот зачин на светот, шафран.
Вели дека иницијатори за тоа биле неговите деца кои живеат во Швајцарија, па следејќи ја оваа култура на интернет, нејзините придобивки и едноставноста во одгледување, решиле пред две години нивата која е во нивна сопственост со површина од 3,5 декари да ја засадат со шафран. Искуството го прибирал најмногу од интернет следејќи ги објавите околу негово одгледување, а најпрво почвата каде што планирал да го одгледува шафранот ја однел на анализа во Институтот за земјоделство во Штип за да види дали е погодна за тоа, и откако стигнале потврдни резултати, се зафатил со реализација.

„Луковиците ги набавив од Холандија, некаде околу 30 илјади парчиња за кои платив 6.000 евра. Некаде отприлика за еден декар површина е потребно околу 10 илјади луковици, кои, бидејќи шафранот е триплодно растение, за наредните три години ќе станат сто илјади. Веќе во четвртата година се постигнува родот, а после тоа следната година мора да се смени парцелата и на нејзино место да се засади друга култура, а луковиците да се пресадат на друга нива. Нивата се заорува и се израмнува како за садење пченка, а садењето се врши рачно. Го засадивме пред две години, на 15 август, а веќе на 1 ноември почна да цвета, додека лани почна да цвета многу порано, на 15 октомври“, објаснува Захариевски.

Вели дека околу производството на шафран нема мнгоу работа бидејќи тоа е култура која одлично се адаптира и на ниски температури и во период на високи температури и суша. Исто така не треба и ѓубрење.
„Го береме рачно и внимателно да не се оштетат прашниците и цветовите, потоа ги ставаме во плетени кошници или дрвени гајби, кои го носиме дома, ги ставаме на маса и полека го истресуваме правот од прашниците. Секој цвет шафран се состои од толчник и три прашници. Во текот на сезоната од секоја луковица растат од два до девет цветови, кои имаат сина или виолетова боја, а секој цвет пак е составен од 3 црвени толчници кои се долги околу триесетина милиметри. За еден грам се потребни некаде околу 150 цветови, додека за еден килограм зачин шафран се потребни и до 200.000 цветови“, објаснува нашиот соговорник.

Интересно е што шафранот цвета многу краток период и тоа само три недели во текот на годината. Цената зависи од повеќе фактори. Ратко вели дека е задоволен и од квалитетот и од квантитетот, од 3,5 декари набрал 1 кг шафран, што е одлично затоа што ако се земе предвид дека цената на килограм од овој зачин изнесува од 18-20.000 евра тогаш заработката е одлична. Кај шафранот всушност најважен е толчникот, кој откако ќе се собере се суши на температура од 50 степени, во сушилница за еден ден.
Шафранот има поинаков животен циклус од другите растенија, во пролет го снемува, а во септември, кога ќе се појават дождовите и тој се појавува.

„Во план ми е во мај 2022 година да ја изорам нивата за да ги извадам луковиците, од кои веќе два дела ми се планирани за продажба, а еден дел ќе посадиме. На изораното место ќе засадам друга земјоделска култура, а луковиците ќе ги посадам на друга нива со површина од 5 декара која е моја сопственост. Зачинот планирам да го продадам во Швајцарија каде што ми се нуди одлична цена, се распрашував за откуп и во Косово, но од таму ми нудат многу пониска цена од причина што не сум ги купил луковиците од нив, ист случај е и со фирма од Бугарија“, појаснува Захариевски за Агротим.мк. Experience superior execution with our advanced CFD trading software . At INFINOX, we offer the globally acclaimed MetaTrader 4 (MT4) and MetaTrader 5 (MT5) platforms, providing the power and reliability you need. Benefit from advanced charting tools, automated trading with Expert Advisors (EAs), and seamless one-click execution. Available on desktop, web, and mobile, our secure software ensures you can access the markets and manage your trades anytime, anywhere. Trade smarter with our cutting-edge technology.

Посочува дека кај нас веќе има заинтересирани земјоделци кои сакаат да се занимаваат со одгледување на шафран, и тоа од Битола со кои веќе остварил контакти за соработка. Захариевски препорачува дека кај нас треба да се обрне поголемо внимание околу производството на овој скап зачин во кој се капела и прочуената кралица Клеопатра, зашто тоа е култура која е доста доходовна, а не бара многу грижа. Според него треба само желба, малку труд, пласман и поддршка, бидејќи од него може солидно да се живее.
