Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Отворен втор Апицентар во Кичево – Ќе се користат исклучиво природни материјали создадени во пчеларникот на Зоран Гроздановски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) Отворен втор Апицентар во Кичево – Ќе се користат исклучиво природни материјали создадени во пчеларникот на Зоран Гроздановски
Магазин

(Фото) Отворен втор Апицентар во Кичево – Ќе се користат исклучиво природни материјали создадени во пчеларникот на Зоран Гроздановски

Објавено 26/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За неполни три месеци во Кичево е отворен и втор Апицентар. Сопственик е познатиот пчелар од градот, Зоран Грозданоски кој својата едукација од областа на пчеларството настојува да ја хуманизира.

Во Апицентарот ќе се користат исклучиво природни материјали создадени во неговиот пчеларник.

-Познавајќи ги приликите во Словенија каде овој вид третирање на одредени болести уште пред две децении зеде голем замав, дојдов до заклучок дека она што можеле Словенците зошто не би можело да се имплементира и на нашите простори. Апицентарот почна со работа пред една седмица и очекувам благодетите од неговата работа да ги почувстсвуваат жителите од градот и пошироко. Пареите што ги вдишуваат граѓаните кои доаѓаат во Апицентарот помагаат во лечењето на многу болести, почнувајќи од белодробни заболувања, синуси, бронхити, алергии, кардиоваскуларни заболувања, а помагаат и во третирањето на стресот – вели Грозданоски.

Во Апицентарот истовремено може да се сместат три лица. Секоја инхалација може да трае најдолго 20 минути и по пауза од исто толку минути, треба да се продолжи со уште една.

За да биде видлив ефектот потребни се повеќе од седум третмани, а домаќините на корисниците им даваат и бонус инхалации, ако се нивни редовни корисници.

Според Грозданоски, температурата на пареите што ги вдишуваат корисниците на Апицентарот е со константни 36 степени, додека услугите на Апицентарот заинтересираните можат да ги добијат во потоплиот период од годината, почнувајќи од 15 април до 15 септември. Хигиената е загаранирана и сите корисници се безбедни и заштитени од пренос на други болести.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:apicentargrozdanoskigrozdanovskiапицентаргроздановскигроздеановски
Претходен напис Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите пред собраниската Комисија за земјоделство
Следен напис Овчеполието станува мека на зелената енергија – Ветерот и сонцето ќе се искористат за производство на електрична енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?