Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите пред собраниската Комисија за земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите пред собраниската Комисија за земјоделство
Агровести

Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите пред собраниската Комисија за земјоделство

Објавено 26/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на седница треба да го разгледа Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите чија цел е намалување на последиците од корона пандемијата врз производството и откупот на тутунот.

Законот е предложен од Министерството за земјоделство, за донесување по скратена постапка и со него се предвидени вкупно 307 500 000 денари поддршка.

Проектирани се по три денари за килограм произведен и продаден необработен тутун во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи од II класа, како и по 16 денари за килограм произведен и продаден необработен тутун во регистрирано откупно претпријатие согласно Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи од III и IV класа.

Овие средства беа најавени како дел од петтиот пакет антикризни мерки што ги донесе Владата.

– Имајќи ја предвид состојбата со откупот од реколтата 2020 година, во која можеше произведениот тутун да не се откупи и производителите да претрпат загуби од својот труд, се наметна потребата од изготвување ваков закон. Со законот се уредуваат условите, корисниците, висината и постапката за доделување финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на тутун предизвикани од ковид-19, стои во предложениот текст.

Финансиска подршка согласно овој закон ќе добијат тутунарите кои се корисници на мерката Директни плаќања за произведен и продаден необработен тутун од реколтата 2020 година од Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2021 година.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
Гоцевски: Производството на вишна е двигател на локалната економија, Општина Делчево ќе продолжи со поддршка на овоштарите
Вечерва ќе се спроведе втората фаза од теристичката дезинсекција против комарци во Берово
Таг:тутунтутунарифинансиска поддршка
Претходен напис Времето денеска сончево и топло со температура до 38 степени
Следен напис (Фото) Отворен втор Апицентар во Кичево – Ќе се користат исклучиво природни материјали создадени во пчеларникот на Зоран Гроздановски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?