Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Во законот за продажба на земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Во законот за продажба на земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки
Агровести

Хоџа: Во законот за продажба на земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки

Објавено 23/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа вели дека во финалната верзија на законот за продажба на државно земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки на засегнатите страни, како и дека постапката за негова изработка ќе биде транспарентна и инклузивна.

Од вчера одржаната јавна дебата за ова прашање, вели, произлегол заклучок дека ваков закон треба да има и дека останува да се допрецизираат деталите.

-Така што, сите што беа присутни во салата се согласуваат дека треба да има закон за продажба на земјоделското земјиште. Во ниту еден случај, ниту еден од земјоделците ниту од индивидуалците што присуствуваа, Федерацијта на фармери или другите засегнати страни не беа против да се донесе закон за продажба на земјоделско земјиште – рече Хоџа одговарајќи на новинарско прашање по потпишување на договори со претставници на осумте плански региони.

Целиот процес и досега, рече министерот, е транспарентен и инклузивен, а така ќе биде и кога ќе го пуштиме во понатамошна владина процедура или собраниска процедура.

Тој нагласи дека во делот на големината на парцелите нема ограничување, односно не мора да биде над 10 хектари површина за да може да биде дел од продажба.

Во врска со забраната за пренамена, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакна дека со законското решение се забранува најмалку за наредните десет години тоа да може да се пренамени.

Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање во врска со доцнењето на исплатата на субвенциите истакна дека тоа е резултат на носењето на ребалансот на Буџетот.

-Во тек е процедура во Собрание за усвојување ребаланс на Буџетот. Значи тоа треба да се затвори следната недела ако не грешам, бидејќи е вратен во Собрание усогласениот текст на Буџетот и верувам дека веднаш после усвојувањето, кога буџетот ќе стане активен, ќе се исплатат сите субвенции – рече министерот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделско земјиштеХоџа
Претходен напис Министерот Хоџа ги потпиша договорите за финансиска поддршка за развој на земјоделството во осумте плански региони во земјава
Следен напис КОЛУМНА: Конечно дојде ред на земјоделецот да ја добие својата тапија и својот дел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?