Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Снежана Илиевска, најдобриот пчелар помеѓу фудбалските судии и најдобриот фудбалски судија помеѓу пчеларите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Снежана Илиевска, најдобриот пчелар помеѓу фудбалските судии и најдобриот фудбалски судија помеѓу пчеларите
Магазин

Снежана Илиевска, најдобриот пчелар помеѓу фудбалските судии и најдобриот фудбалски судија помеѓу пчеларите

Објавено 23/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Најдобриот пчелар помеѓу фудбалските судии и најдобриот фудбалски судија помеѓу пчеларите. Тоа е нашата Снежана Илиевска која во 2017 ја започна обуката за млади пчелари на Програмата за зачувување на природата без да поседува пчели ниту знаење за нивното одгледување, а денеска има 2 пчеларници и големи планови за отворање на своја мала апикомора.“, вака на фејсбук-страницата на Меден Исток е опишана пчеларката Снежана.

Како и останатите членови на „Меден Исток“, Снежана пчелари на одржлив начин и со голема одговорност кон природата и здравјето на луѓето, без да користи штетни хемиски средства во производниот процес. Околината на нејзините пчеларници во с. Дулица изобилува со прекрасна природа со багрем, драка, мајчина душица, ливади и шуми.

„Со пчеларство почнав да се занимавам од 2017 година кога прв пат отидов на пчеларско предавање во мојот град, без да имам ниту една пчела и без да знам било што за нив. На предавањето добив информација за основната обука за млади пчелари на Програмата за зачувување на природата, на која се пријавив и учествував. Следната година ја поминав и напредната обука организирана од истиот проект. Првите мои 3 пчелни семејства ги добив од програмата, а денес имам 2 пчеларника, со околу 67 пчелни семејства, на две локации во село Дулица.“, вели Снежана.

Снежана важи и за поборник на урбаното пчеларење и затоа има неколку пчелни семејства на својата тераса, за што вели: „Пчеларам на одржлив начин и со голема одговорност кон природата и здравјето на луѓето, без да користам штетни хемиски средства. Околината на моите пчеларници изобилува со прекрасна природа со багрем, драка, мајчина душица, ливади и шуми, така што медот е претежно мешан – има и ливадски и шумски.

Во иднина планирам да произведувам матичен млеч, полен, роеви и пчелин отров. На пчеларникот на место викано Велидено, во Дулица, планирам мала Апикомора и на тој начин сакам да го промовирам пчеларењето и здравјето кое може да се добие од пчелата.

Сакам да напоменам и дека сум поборник на урбаното пчеларење, мојот прв пчеларник со 4 семејства беше на мојот балкон. Чувството кога пиејќи кафе меѓу кошниците, на терасата, ги гледам пчелите како работат рано наутро, како влегуваат во кошницата со полен на нозете, ме охрабрува и понатаму да продолжам да чувам пчели во мојот дом.“

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:пчелиснежана илиевска
Претходен напис Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени
Следен напис АХВ носител на националните активности на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?