Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Купиштата земјоделски отпад во струмичко со компостирање можат да се претворат во „црно злато“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Купиштата земјоделски отпад во струмичко со компостирање можат да се претворат во „црно злато“
Магазин

Купиштата земјоделски отпад во струмичко со компостирање можат да се претворат во „црно злато“

Објавено 15/07/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најголем дел од земјоделците во Струмичко се изјасниле дека отпадот од земјоделството најчесто го фрлаат на депонии или го заоруваат и не им е познат процесот на компостирање. За да научат како да компостираат бараат посети на фарми кои применуваат успешни практики за управување со земјоделски отпад, а не класични обуки.

До овие сознанија дошле од Здружението „Хорти Еко“ од Струмица преку спроведеното истражување за најчесто користените практики на управување со земјоделскиот отпад преку проектот „Од земјоделски отпад до црно злато”, кој е финансиран од „Цивика мобилитас“.

Истражувањето било спроведено во четирите општини во регионот и тоа во Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

–  Истражувањето опфати повеќе од 100 фармери во кое најголем број од испитаниците беа од машки пол на возраст од 45-65 години со површини од 10-20 декари. Средното образование беше најчесто застапен степен на образование а најголем број од испитаниците беа од руралните области кои гравитираат околу Општина Струмица. Најчесто застапен сектор беше градинарството и на прашањето дали фармерите применуваат добри земјоделски практики 53,5 отсто од анкетираните одговориле потврдно. Најголем дел од испитаниците се изјаснија дека земјоделскиот отпад најчесто го фрлаат на депонии или го заоруваат и дека не им е познат процесот на компостирање. Поголемиот дел од испитаниците никогаш не компостирале, а оние кои се изјасниле потврдно, ја користеле постапката со компостен куп, објаснува Томе Тимов од „Хорти Еко“.

Според него, загадувањето од земјоделството е еден од главните проблеми во струмичкиот регион, каде земјоделството е клучна стопанска гранка.

– Забележливи се купишта од земјоделски отпад во близина на речните корита, покрај земјоделски површини и други локации, како и палење на земјоделски отпад, кој ја загадува околината и и со тоа се зголемуваат ризиците од поплави и пожари. Од друга страна, значителните количини на биоразградлив отпад од земјоделството само во општина Струмица изнесува илјадници тони кои се потенцијал за еколошки агропрактики, односно може да бидат извор на квалитетно еколошко ѓубриво, додава Тимов.

Тој посочува дека веќе истекува Националната стратегиjа за управување на отпад, коjа до лани предвидувала редукциjа на биоотпадот дури за 50 отсто во споредба со 2008 година.

– Во Република Северна Македонија комуналниот цврст отпад, вклучително и био-отпадот, се одлага на легални депонии, но се фрла и на илјадници диви депонии. Исто така, не постои селективно собирање на биоотпад. Само селективно собирање на хартија, како вид на биоотпад, спроведуваат комуналните претпријатија. Во руралните заедници, со главно земјоделски активности, нема системи за собирање отпад. Во секторот земјоделство не се применува добра земjоделска пракса, нема усогласеност и примена на основните технички барања за вршење на земjоделските работи и заштита на животната средина, односно само на хартиjа се пополнува дека секоj земjоделец применува добри земjоделски практики, смета Тимов.

Земјоделците сакаат да учат преку успешни практики

Во Струмичко има голем потенцијал за компостирање на отпадот, заради интензивното земјоделско производство на локалното рурално население. Земјоделците од овој регион поседуваат поголеми или помали површини обработливо земјиште, на кои се одгледуваат различни култури и истражувањето покажало дека особено се заинтересирани за примена на процесот на компостирање на сопствените фарми.

– На прашањето, пак, дали им е потребна информација и едукација за подобрување на своите знаења за процесот на компостирање и придобивките кои произлегуваат од него дури 94,9 отсто од испитаниците се изјасниле потврдно и тоа не преку класични обуки, туку преку теренски посета на фарми кои применуваат успешни практики за управување со земјоделскиот отпад и придобивките од него. Самата анализа охрабрува дека проектот е одлична можност да започне да се јакне свеста кај фармерите за постоењето и на други алтернативи за редуцирање на земјоделскиот отпад од коишто и тие ќе имаат корист преку јакнење на нивните капацитети и знаења за процесот на компостирање во земјоделството, потенцира Тимов.

На крајот тој ја истакна најголемата добивка за земјоделците од компостирањето. Во услови на пандемија од Ковид-19 кога е намалена куповната моќ на земјоделците со компостирање можат да ги намалат трошоците за производство, односно наместо да купуваат препарати ќе може да го искористат компостот директно за поголеми приноси во производството, но во исто време и да не jа загадуваат животната средина.

Инаку, во десетте општини од Југоисточниот плански регион количините на биоразградлив отпад се проценуваат на околу 22 илјади тони годишно или 45 отсто од вкупната количина комунален отпад.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:отпадцрно злато
Претходен напис (ВИДЕО) Компанијата Еуромакс и групацијата Трафигура донираа земјоделска механизација на членовите од Слоуфуд Огражден
Следен напис Од денес започнува аплицирањето за бескаматни кредити од линијата „Ковид 4“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?