Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од денес започнува аплицирањето за бескаматни кредити од линијата „Ковид 4“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од денес започнува аплицирањето за бескаматни кредити од линијата „Ковид 4“
АгровестиЈавни огласи и повици

Од денес започнува аплицирањето за бескаматни кредити од линијата „Ковид 4“

Објавено 15/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денес започнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија „Ковид 4“.

Јавниот повик за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро,
мали и средни претпријатија погодени од Ковид-19 од
ФОНД ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ПОДДРШКА НА ЛИКВИДНОСТА – ,,КОВИД 4”
беше објавен на 7 јули, а ќе трае до 27 јули.

За кредит со можност за грант-компонента до 50 отсто, односно 15.000 евра, може да аплицираат трговски друштва од дејноста на угостителството, транспортот, туризмот и ивент-индустријата; приватни здравствени установи (ПЗУ), трговци-поединци (ТП) и занаетчии од сите дејности.

Фирмите што користеле средства од Мерка 1 од петтиот сет економски мерки за финансиска поддршка на плати за февруари и март од Управата за јавни приходи (УЈП) и субјектите што користеле кредит од „Ковид 3“ нема да може да користат кредит од „Ковид 4“.

Компаниите што користеле кредит од „Ковид 1“ и/или „Ковид 2“ и немаат неизмирени достасани обврски на денот на аплицирање (15 јули 2021) ќе може да користат кредит од „Ковид 4“.

 Максималниот износ на кредит е 30.000 евра, додека минималниот износ на кредит е 3.000 евра. Кредитите од „Ковид 4“ ќе имаат грејс-период до 12 месеци и период на отплата до 42 месеци. Износот на кредит кој може да биде одобрен за субјектите зависи од падот на приходите во 2020, во однос на 2019 година. Субјектите со пад на приходи од 30 до 50 проценти може да аплицираат за максимален износ на кредит кој изнесува: 15.200 денари х 3 месеци х број вработени, а субјектите со пад на приходи над 50 отсто може да аплицираат за максимален износ на кредит кој изнесува: 22.000 денари х 3 месеци х број вработени .

Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат пад на приходите од најмалку 30 отсто во 2020 во однос на 2019 година, како и главница и резерви не помалку од 33 отсто од износот на бараниот кредит.

Принципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде „прв дојден, прв услужен“. Корисниците на кредит од оваа кредитна линија ќе може да побараат грант компонента до 50 отсто од износот на кредит.

Субјектите што ќе покажат раст на вработените во 2021 во однос на 2020 за најмалку 5 отсто, ќе може да користат грант од 20 отсто. Субјектите што ќе покажат раст на вкупните приходи за најмалку 10 отсто за истиот период, ќе може да користат грант од 30 отсто.

Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата [email protected], почнувајќи од 15.07.2021 година од 09:00 часот.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:„Ковид 4“
Претходен напис Купиштата земјоделски отпад во струмичко со компостирање можат да се претворат во „црно злато“
Следен напис Бочварски: Патарини се плаќаат за да имаме модерни патишта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?