Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците со предупредувачки протест во Прилеп
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците со предупредувачки протест во Прилеп
Агровести

Земјоделците со предупредувачки протест во Прилеп

Објавено 12/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од повеќе реони денеска се собраа на предупредувачки протест во центарот на Прилеп.

Прво маршираа низ булеварот „Гоце Делчев”, а потоа се обратија пред зградата на локалната самоуправа.

Главно, бараат исплата на сите заостанати субвенции, мерки, ковид пакетите за тутунарите и за лозарите, повлекување на законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште.

Според Игор Мирчески, координатор на пет земјоделски здруженија проблемите се напластени.

– Со неисплатени субвенции, мерки, подмерки, ковид пакети за тутунарите и лозарите, со најави за закони за зелената такса и за продажбата на земјоделското земјиште и со куп проблеми, ситуацијата за земјоделците е тешка. Решивме да го направиме овој предупредувачки протест токму на ден Петровден да го кренеме гласот и да ги предупредиме надлежните дека во државата земјоделството не ни оди на добро. Да земат предвид дека оваа категорија ја рани нацијата и финансиски придонесува во буџетот – изјави Мирчески нагласувајќи дека протестот не е партиски.

Стојче Ташовски, претставник на оризопроизводителите од Кочанско изјави дека оризопроизводителите имаат проблеми со откупот и непродаден лански род, а на прагот е новата жетва.

– И кај нас, оризарите, ситуацијата е катастрофална. Откуп немаме, цената одеднаш падна, а еве за два месеца имаме нова реколта и жетва. Голем проблем е што дури 50-ина насто од ланскиот род е останат, непродаден – вели Ташовски.

За лозарите е најбитно да има гарантирана цена за откуп на грозјето што ја бараат три години.

– Ние бараме од државата и од лозарите да си има заштитна, почетна, најмала цена за грозјето, од која винариите не смеат да одат пониско. Ова го бараме три години и никако се нема слух. Бараме најмалата за вранецот да биде 17 денари, а 15 денари за смедеревката, плус три денари од државата – вели Тане Јошев, регионално здружение „Тиквешки лозароовоштари” од Кавадарци.

Земјоделците најавуваат радикализирање на протестите низ повеќе региони доколку наскоро не се решат проблемите.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:прилеппротест
Претходен напис Зголемено нивото на Дојранското Езеро, дел од реките над просекот за јули
Следен напис Бензините поскапуваат за 0,5 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?