Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Професор по македонски јазик прави вино и освојува награди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Професор по македонски јазик прави вино и освојува награди
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Професор по македонски јазик прави вино и освојува награди

Објавено 10/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Професор по македонски јазик прави вино кое освојува награди. Станува збор за кавадарчанецот Влатко Тасев, кој за МИА вели дека и виното зборува, само треба да се знае винскиот јазик.

Тој е дециден дека на страста кон правење  добро вино посветува многу љубов, дел од своето време, внимание и трпение.

Моето семејство отсекогаш имало по неколку декари лозови насади, нагласува Тасев. Покрај житото, некои видови зеленчук и афионот, подвлекува, дедо ми одгледувал и лозје, кое во тоа време било без жици и колци.

– Од грозјето што го берел правел вино и ракија, нормално за свои потреби, бидејќи приносот бил многу скромен. Подоцна татко ми насадил десетина декари лозје во модерен облик и продолжил со традицијата на производство на вино и ракија. Се разбира и јас, од најрана возраст, бев присутен во сите процеси на работата на лозјето, а по бербата и во производството на вино и ракија. Така полека, но силно ме опфати магијата на овој благороден занает – винарството, ја започнува тој семејната винска приказна.

Тасев  кој има 55 години, кажува дека располага со скромен насад кој содржи повеќе видови грозје, од рани трпезни сорти, до вински сорти кои доцна се берат.

– За производството на вина, за своја душа, што се вели,  ги користам сортите  ,,кратошија”, ,,жилавка”, ,,ризлинг”, ,,смедеревка”, а во помали количини и ,,афусали” и ,,мускат”. Количината на производство е скромна, околу илјада литри, кои завршуваат главно во кругот на моите роднини и пријатели во заеднички дегустации и „вински“ разговори. Некој тоа го нарекува љубов, некој мерак, некој хоби, но во секој случај сакам да сум дел од винската култура на мојот град и да придонесам во развојот на оваа значајна дејност, дециден е професорот во Средното земјоделско шумарско училиште, кој произведува вина кои добиваат солидни оценки.

Има добиено повеќе награди за производството на, како што велат во Тиквешијата, божествениот пијалок, кој е и храна и лек, ако се дегустира со ,,усул”. На последниот официјален наторевар за производство на вино во домашни услови од страна на индивидуални производители, овој македонист освои прва награда за неговото бело вино од сортата ,,ризлинг”.

– Виното е едноставно составен дел од животот на тиквешани. Од дамнина па се до денес. Начин на живот. Виното е и за среќа и за тага. Дел од крштевките, венчавките, погребите. Дел од разни згоди и незгоди, анегдоти кои остануваат да живеат, порачува Тасев.

МИА

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Исплатени 59 942 278 денари од интервентен фонд за произведено вино
Општина Неготино повика да се поднесат мостри од вина и ракии за натпреварот во рамки на одбележувањето на „Свети Трифун“
Таг:винавинарвиногрозјепрофесотракија
Претходен напис Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров – Преку ФИТР се распределени вкупно 5.7 милиони евра за поддршка на 103 проекти на компании за забрзан раст
Следен напис Директорот на АХВ, Бабовски на регионален состанок во Црна Гора за заштита на здравјето на животните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?