Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на АХВ, Бабовски на регионален состанок во Црна Гора за заштита на здравјето на животните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на АХВ, Бабовски на регионален состанок во Црна Гора за заштита на здравјето на животните
Агровести

Директорот на АХВ, Бабовски на регионален состанок во Црна Гора за заштита на здравјето на животните

Објавено 10/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Креирање протокол за меѓудржавна регионална соработка и комуникација во контролата и сузбивањето на прекуграничните болести како што се синиот јазик и беснилото, преку размена на искуства и информации, со цел нивно ефикасно спречување и контрола, се дел од темите на кои вчера и денеска со високи претставници од ЕУ и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, во Петровец, Република Црна Гора, дискутираа првите луѓе на ветеринарните служби на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и соседна Србија.  

Работилницата „Регионален пристап во контролата на прекуграничните болести кај животните, соработка, комуникација и координирање на активностите” се одржа во рамки на проектот „Активности за сузбивање на болестите кај животните во Западен Балкан”, кој е финансиран од Европската унија. Целта на проектот е градење на капацитетите на ветеринарните служби во земјите од Западен Балкан, за на долг рок да се осигура поволен здравствен статус кај животните во целиот регион, како основа за правилно функционирање на внатрешниот пазар од моментот кога Западен Балкан ќе биде подготвен за влез во ЕУ.

На дводневната работилница, директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски ја презентира состојбата со болестите син јазик и беснило во земјава и мерките кои се преземаат за спречување на нивна појава, сузбивање и ширење, ставајќи акцент на активностите кои ги презема Агенцијата и на полето на координирање на активностите и меѓуинституционалната соработка како и размената на искуствата и информации со соседните земји, со цел контрола на болестите кај животните во целиот регион.

На работилницата се дискутираше и за механизмите за контрола на болеста африканска свинска чума во Европа и активностите кои се преземаат во рамки на Глобалната рамка за прогресивна контрола на болестите на животните – GF TADS, бидејќи таа претставува реална и сериозна опасност и за регионот на Западен Балкан. Претставниците на секоја од земјите учеснички на работилницата ја презентираа состојбата со прекуграничните болести кај нив, со акцент на болестите беснило и син јазик и мерките кои тие ги преземаат за нивно спречување, сузбивање и ширење. Во соработка со високите претставници на Директоратот за здравје и безбедност на храна на Европската комисија и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, покрај протоколот за меѓудржавна соработка и комуникација на полето на здравствената заштита на животните, учесниците креираа и усвоија и акциски план за негова реализација, со акцент на болестите син јазик и беснило, за кои исто така е неопходен регионален пристап и соработка.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвбабовскикомисијарегионална
Претходен напис Професор по македонски јазик прави вино и освојува награди
Следен напис АХВ спроведе вонредни контроли во Охрид, Струга и Дојран – уништена храна, изречни парични казни, затворени објекти…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?