Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Убод од стршлен – Што прво да направите за да избегнете алергиски реакции и да си го спасите животот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Убод од стршлен – Што прво да направите за да избегнете алергиски реакции и да си го спасите животот
АгровестиМагазин

Убод од стршлен – Што прво да направите за да избегнете алергиски реакции и да си го спасите животот

Објавено 19/07/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оси, пчели, стршлени, комарци… Овие инсекти знаат да бидат многу здодевни, а некои од нив и многу опасни. Доколку ве касне стршлен, постои голема веројатност дека ќе дојде до алергиска реакција. Еве што можете да направите пред да стигнете до првиот лекар.

Убодот од стршлен е многу болен, но во повеќето случаи не е толку кобен како што мислат некои. Главно сѐ се завршува со благ оток кој трае неколку дена. Меѓутоа убодот на стршлен понекогаш може да предизвика анафилактички шок, односно алергиска реакција на отровот, а тогаш целата работа е многу поопасна.
Во секој случај, најдобро е да избегнувате авантури во природата на места каде што има стршлени. Ако се занимавате со градинарство, бидете внимателни и заштитете ги отворените делови на телото. Ако сепак дојде до убод, веднаш извадете ја боцката и ставете ладна облога.

Симптоми и реакции

Убодот од стршлен главно предизвикува отоци, црвенило и чувство на чешање на оштетениот дел од кожата. Малиот убод ќе помине веќе за половина час или еден час, но ако личноста е посебно чувствителна на неговиот отров, може да потече целата рака, нога или друг дел на телото на кој е каснат.

За да го спречите ширењето на отровот во телото, боцнатиот дел држете го повисоко во однос на телото.

Ако боцката останала во кожата, обидете се да ја истиснете со некој рамен нож. Немојте да користите пинцета бидејќи со неа најчесто само отровот дополнително го втиснувате во телото, а боцката останува подлабоко во кожата.

Посебно опасни се убодите на пределот на грлото и на вратот, бидејќи отокот може да предизвика отежнато дишење или дури и гушење, поради што повреденото лице потребно е веднаш да се однесе во итна помош.

Боцнувањата од отровни инсекти како што е стршленот особено се опасни за лица склони кон алергиски реакции. Тие можат да паднат во анафилактички шок.

Убодот на стршлен може да доведе до анафилактички шок кој доаѓа од неколку причини:
-Поради тоа што лицето е алергично на убод од инсекти
-Поради тоа што убодот е на незгодно место каде што отокот предизвикува гушење
-Ако лицето во изминатите неколку недели веќе го каснало стршлен или оса, имунолошкиот систем станал пречувствителен на алерген и во случај на повторно боцкање доаѓа до анафилактичка реакција на организмот.

Потребно е да се потенцира дека во случај на анафилактички шок треба веднаш да се повика итна помош за да се спроведе антишок терапија. Таа терапија можат да ја изведат само професионалци, кои со следење на симптомите ја одредуваат дозата на адреналин, антихистаминик и кортикостероиди, за да се неутрализира алергиската реакција.

Во случај човек да е во смртна опасност, а во тој момент нема доктор кој би му помогнал, алергиската реакција може да се ублажи со инјекција адреналин која однапред е подготвена.

Затоа, ако сте изложени на опасност од каснување од стршлен, а особено ако сте алергични на каснување од инсекти, потребно е да имате една таква инјекција и таблети антихистаминик за секој случај, а за сето тоа пред сѐ посоветувајте се со доктор.

Убод од стршлен – што да се преземе?

Во случај да нема алергиска реакција, туку во прашање е само обичен оток, местото на каснување треба да се третира со ладни облози. За таа цел можете да употребите студен предмет како што е метална лажица.

Меѓутоа во некои случаи, алергиската реакција може да задоцни 8 до 10 часа, па сепак најдобро е да се обратете на лекар, особено ако веќе ве каснал инсект во последните неколку недели.

Совет за убод од стршлен и други инсекти

Еден пчелар вели дека отокот и болката настанати поради каснување од пчела, оса или стршлен, можете да ги ублажете со помош на таблета аспирин или андол. Потребно е една таблета да се растопи и да се стави на местото на убодот, да се држи една минута, а потоа да се тргне. Тоа е потребно да се направи веднаш после каснување и така ќе го намалите отокот и ќе ја ублажите болката и чешањето.

Ако ве касне стршлен или друг инсект, нека не ве фаќа паника. Во случај на алергиска реакција, важно е веднаш да посетите лекар.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:strslenстршлен
Претходен напис Бабовски во Брисел на објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12
Следен напис Нов мултифункционален деловен простор на винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?