Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски во Брисел на објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски во Брисел на објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12
Агровести

Бабовски во Брисел на објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12

Последна измена: 19/07/2023 09:47
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предводени од директорот Николче Бабовски, денес и утре во Брисел, Белгија, учествуваат на вториот состанок со Европската Комисија за објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, за преговори за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија
(ЕУ). На состанокот учествуваат и претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство и Фитосанитарна управа.
„Како институција носител на надлежностите од Поглавјето 12, едно од најобемните, кое интегрира голем дел од европската легислатива од областа на безбедноста на храната, ветеринарна и фитосанитарната политика, Агенцијата за храна и ветеринарство во овие два дена, ќе ја презентира усогласеноста на националното законодавство со европското и неговата примена, кое е опфатено
со ова поглавје. Презентиран ќе биде интегрираниот пристап во областа на безбедноста на храната во Република Северна Македонија, кој има за цел обезбедување на висок степен на безбедност за граѓаните, здравствената заштита и благосостојба на животните и здравјето на растенијата. Во текот на експланаторни/ објаснувачки сесии, подетално ќе се запознаеме со европските прописи и искуствата, нивната имплементација на ниво на Унијата, што е во прилог на нашата идна подготовка, како носители на Поглавјето 12, за следните фази од пристапните преговори” – вели Бабовски.

На состанокот Европската Комисија ќе го презентира новото законодавство на ЕУ од ова преговарачко поглавје. Од посебен интерес за АХВ, додава Бабовски, е законодавството на ЕУ за здравствена заштита на животните и за официјални контроли од областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика, а на состанокот ќе се дискутира и за отворени прашања од технички, стратешки и појаснувачки карактер.
-Состанокот е настан од посебно значење, бидејќи на истиот се добиваат корисни информации од Европската Комисија за следниот чекор од процесот за преговори за членство на нашата земја во ЕУ, за билатералниот скрининг кој ќе се одржи во четвртиот квартал од годинава. По експланаторниот/објаснувачки, прелиминарен скрининг, како прв клучен чекор во подготовките за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, следува скринингот кој ќе го спроведе Европската комисија, како аналитичко испитување на усогласеноста со правото на ЕУ и за Поглавјето 12. Овој процес ќе овозможи Комисијата и земјите членки на ЕУ да го оценат степенот на подготвеност на нашата земја во областа на безбедноста на храната, ветеринарна и фитосанитарната политика – заклучува Бабовски и додава дека потоа, за соодветното поглавје, Советот ќе одлучи за
почнување на преговорите, по препорака на Комисијата.

Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:АХВБабовскибрисел
Претходен напис Нивото на Дојранското Езеро пониско за два сантиметра
Следен напис Убод од стршлен – Што прво да направите за да избегнете алергиски реакции и да си го спасите животот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?