Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов мултифункционален деловен простор на винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов мултифункционален деловен простор на винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци
Агровести

Нов мултифункционален деловен простор на винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци

Објавено 19/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува со својата стратегија за континуирани инвестиции во одржлив развој и имплементација на ESG стандардите. Во рамките на овој процес кој се одвива во сите сегменти од работењето на компанијата, денес „Тиквеш“ ги отвори новите деловни простории во Кавадарци.

Деловниот простор во Кавадарци е уникатен по својата функционалност и архитектонски изглед, но и според постулатите за одржливост кои се вградени во овој објект. Во текот на изградбата се користени еколошки и одржливи материјали и во целост се имплементирани принципите за енергетска ефикасност кои обезбедуваат заштеда на енергија. Дизајнот на просторот овозможува пространост и удобност, како и максимално користење на дневната светлина, со што се штеди енергија. Покрај тоа, инсталираниот централен систем за климатизација и вентилација е базиран на обновлива енергија, односно голем дел од енергијата што ја користи е од фотонапонска централа.

Вкупната инвестиција во изградбата на деловниот простор во Кавадарци изнесува над еден милион евра. Покрај висококвалитетната градба и задоволувањето на највисоките стандарди за изградба на ваков тип на објекти, новиот деловен простор е позициониран во централниот дел на винарницата и нуди уникатен и инспиративен работен амбиент, прилагоден на специфичните потреби на работењето на винарницата. Внатрешното уредување е адаптирано на потребите на вработените особено во поглед на нивното здравје и благосостојба. Користен е ергономски ентериер и предвидени се простории за пауза и одмор и други видови на простории за вработените.

„Континуиран напредок и имплементација на највисоките стандарди е наша долгорочна заложба и во таа насока инвестираме подеднакво во сите сегменти од нашето работење. Веруваме дека новиот деловен простор ќе овозможи подобри услови за работа, поголема благосостојба на нашите вработени и поголема продуктивност. Нашите луѓе се основа за нашиот успех, а развојот и грижата за вработените е еден од врвните приоритети на компанијата“, велат од „Тиквеш“.

Новиот деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци има мултифункционален карактер, а покрај другите работни единици има и две конференциски сали и простор за настани и презентации.

Имплементацијата на ESG стандардите, како дел од стратегијата за одржливост на винарската визба „Тиквеш“, е процес во кој целокупното работење на „Тиквеш“ се унапредува во однос на трите параметри: животна средина, општествен придонес и корпоративно управување (ESG).

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:деловен просторКавадарцимултифункционаленТиквеш
Претходен напис Убод од стршлен – Што прво да направите за да избегнете алергиски реакции и да си го спасите животот
Следен напис Прифатени сите барања на потсекторската група за жито, домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?