Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали „зелениот план“ ќе го намали производството на пченица и маслодајна репка и ќе го зголеми увозот во ЕУ?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Дали „зелениот план“ ќе го намали производството на пченица и маслодајна репка и ќе го зголеми увозот во ЕУ?
Агровест

Дали „зелениот план“ ќе го намали производството на пченица и маслодајна репка и ќе го зголеми увозот во ЕУ?

Објавено 02/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во стратегијата „Од поле до маса“, Европската комисија предложи цели за 2030 година, вклучувајќи и проширување на органското производство на 25 проценти од земјоделското земјиште од сегашните осум проценти и намалување на употребата на пестициди за 50 проценти.

Во европската организација „Cocereal“, која ги обединува трговците со житарки, сметаат дека предложените „зелени цели“ би можеле да го намалат производството на пченица, главната житарка во ЕУ. Во нивната анализа тие најавија дека нејзиното производство може да се намали на околу 109 милиони тони во 2030 година од околу 128 милиони што се очекуваат оваа година.

ЕУ извезува големи количини пченица, но „зелениот план“ може да го смени тоа.
„Значи, ние веќе нема да бидеме еден од големите извозници, туку еден од увозниците“, објасни Оливер Балкхаузен, член на одборот на „Cocereal“ и раководител на истражувањето во „Archer Daniels Midlandu“.

Целите за заштита на животната средина, кои се дел од реформата на Заедничката земјоделска политика, исто така може да доведат до намалување на одгледувањето и на извозот на маслодајна репка. Според овие анализи, ЕУ може да увезува повеќе од 10 милиони тони маслодајна репка годишно, во споредба со сегашните 6 милиони тони.

Кон крајот на минатата година, Министерството за земјоделство на САД предвиде во својата студија дека „зелените цели“ ќе го намалат производството во Унијата. Меѓутоа, во трудот на францускиот агрономски институт INRAE, нивната перспектива беше критикувана како премногу песимистичка. Тие сметаат дека треба да се земат предвид промените во земјоделските практики и потрошувачките трендови.

„Cocereal“ смета дека ризиците од нестабилност на пазарот и преместување на еколошките проблеми во другите делови на светот покажале дека на ЕУ ѝ треба детална проценка на влијанието на нејзините „зелени цели“.

Европската асоцијација на фармери „Copa Cogeca“ предупредува на ова веќе подолго време, реагирајќи на противењето на европратениците за повторно одобрување на употребата на глифосат по 31 декември 2022 година. Тие веруваат дека фаворизирањето на еден столб на одржливост над другите испраќа многу демотивирачка порака до земјоделците ширум ЕУ.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Претходен напис Топлотниот бран шок за земјоделските култури, а не оди во прилог ни на пчеларството
Следен напис Во тек е жетвата на јачменот во Штипскиот и Овчеполскиот регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?