Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД 2
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД 2
Агровести

За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД 2

Објавено 09/11/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По барање на заинтересираните странки, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го продолжи рокот за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ која се финансира од ИПАРД 2 програмата. Наместо до 18- ти ноември сите заинтересирани апликациите ќе може да ги доставуваат до 3- ти декември 2019 – та година.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека со оваа им се дава доплнителна можност за прибирање и комплетирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање за добивање на средствата од ИПАРД 2 Програмата, поточно од Мерката 7 „Диверзификација и развој на мали бизниси“.

Преку Јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата, вкупно на располагање се 16,6 милиони евра. Оваа мерка овозможува реализација на инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги. Согласно програмата до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на апликантите преку средствата од ИПАРД 2 Програмата. Со ефикасно искористување на оваа мерка ќе се придонесе за отворање на нови работни места во руралните средини со што ќе се намали руралната депопулација, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и зголемување на нивото на економската активност. Преку Мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ го развиваме најмоќниот дел на економијата а тоа се малите и микро претпријатија кои се силата на домашната економија.


Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бабоскидве неделиденовиеуипард 2мерка
Претходен напис Одгледување лимон во саксија
Следен напис Приказната на Игор Стрезовски: Од туршија на пазар до сериозен семеен бизнис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?