Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Топлотниот бран им задава главоболки на земјоделците во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Топлотниот бран им задава главоболки на земјоделците во Струмичко
Агровести

Топлотниот бран им задава главоболки на земјоделците во Струмичко

Објавено 29/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Топлотниот бран со температури близу до 40 Целзиусови степени им задава главоболки на земјоделците во Струмичко. На удар најмногу се културите засеани на отворено, а според експертите, најголеми штети се очекува да има кај пченицата, која е во фаза на зреење и пред собирање.

– Житните култури претрпеа топлотен удар и прашање е колкав ќе биде приносот. Покрај нив, големи штети има и кај овошните насади, бидејќи оваа година, ако се следи во континуитет, е една од најнеповолните. Кајсијата, праската, црешата, вишната, крушата и јаболката најпрвин претрпеа оштетувања од пролетните мразеви, а сега одиме во друга крајност, во која летото почна со необично високи температури. Пред некој ден неколку земјоделци од Валандовско се пожалија дека им испукале термометрите во пластениците, каде што температурата е повисока и за 20 степени повеќе од таа надвор – вели д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата.

Градинарите информираат дека веќе бележат штети кај доматите засеани под пластеници, каде што заради топлото време се случува цветот да се исфрли, а кај плодовите кои се во фаза на зреење доаѓа до згрчување.

– Најважно е навреме да се преземат мерки за заштита, односно да се врши засенчување и наводнувањето исклучиво да се врши во вечерните часови – рече Ристо Велков, земјоделец од село Василево.

Градинарот од село Банско, Даме Тренчовски, предупредува дека кај лутите пиперки во пластениците, кои иако се при крај на бербата, се појавува подгорување.

Ескпертите советуваат земјоделците да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита, бидејќи топлото време е идеално за развој на болеста пепелница, посебно кај лозјата.

Во саботата, во три села од атарот на општина Босилово, градот уништи посеви со житни култури, бостан, овошни насади, пиперки и домати.

На 21 овој месец невремето со силен ветар и дожд, кое го зафати струмичкиот регион, предизвика штети на посевите во пластеници во селата Куклиш, Еднокуќево, Банско, Свидовица и Муртино. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пченицаструмичко
Претходен напис Во „Стрежево“ уловен сом од 13 килограми
Следен напис Хоџа: Утврден е Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на преку 150.000 граѓани, пред сè најсиромашните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?