Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.6 % на месечно и за 6.1 % на годишно ниво.
Во мај 2021, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 2.5 % и Капитални производи за 0.3 %.
Во мај 2021, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 12.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.7 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.5 % и Капитални производи за 0.7 %.


