Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зaдруга на 600 земјоделци во Грција: Сигурен пласман, организирано производство и стандарди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Зaдруга на 600 земјоделци во Грција: Сигурен пласман, организирано производство и стандарди
Растително производство

Зaдруга на 600 земјоделци во Грција: Сигурен пласман, организирано производство и стандарди

Објавено 08/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружувањето на земјоделците во задруги и кооперативи во кои ќе има организирано производство и пласман се најдоброто решение за земјоделските производители.

Кога земјоделците се здружени во задруги, тогаш имаат количина и квалитет и може да се склучува договори со големи трговски ланци, со откупувачи или да имаaт сопствен преработувачки капацитет и на тој начин да го организира производството.

И додека за нас и нашите земјоделци ова е нешто добро но тешко изводливо и тоа само поради менталитетот и недовербата која постои меѓу земјоделците, во Грција, поточно во Вериа, посетивме задруга во која членуваат 600 земјоделци. Задругата функционира во склоп на откупен центар и фабрика за преработка на овошје и зеленчук – „Венус“.

Принципот на кој функционира оваа задруга е пред се правила и критериуми кои мора да се почитуваат од страна на членките.

Секој производител има свој бар код кој е во евиденција и се следи неговото производство. Под тој бар код, секој производител има следливост, што произведува, колку и со каков квалитет се производите.

Кога земјоделецот ги носи производите во задругата прво поминуваат низ примен дел, каде агроном кој е ангажиран од задругата, ги проверува, сортира и проценува во која класа се производите.

Потоа оди на вага, се мери количеството и се пушта во линија за калибрирање, сортирање и пакување. Исто така се испитува и нивото на пестициди во производот.

Потоа овошјето и зеленчукот се пласираат на пазарите и трговските ланци меѓу кои и Лидл, или се преработуваат во фабриката „Венус“.

За тоа се задолжени меаџерите на задругата кои постојано се во потрага по добри пазари за пласман.

Исплатата на производителите се врши најдоцна за 2 месеци, а цената зависи дали е 1, 2 или 3 класа производот.

Примерот со задругата во Вериа, само потврдува дека се може да се реализира ако се сака и ако се знае како.

Не треба да се прифаќа повеќе опра вдувањето дека кај нас не можат да се здружат земјоделците. Како ќе фунционира задругата најмногу зависи од менаџментот кој треба да бара пазари и да преговара со откупувачи. Сите предрасуди околу менталитетот ќе се тргнат настрана кога ќе видат земјоделците дека така имаат повеќе пари.

Да не заборавиме дека и државата дава пари и поддршка за формирање на земјоделски задруги и со тоа сите услови се исполнети за поголем развој на задругарството и кај нас.

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Маѓар: Забраната за увоз на земјоделски производи од Украина останува
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
МАСИТ на средба со амбасадорката на Грција го најави првиот ИКТ Бизнис Форум „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“
Таг:веријагрцијазадругаисплатаоткуппроизводи
Претходен напис Празник и денот врнежлив, но петок е, за битолчани тоа е пазарен ден…
Следен напис Органско производство: „Sulfur bakar kalcium“, препарат кој успешно ги заменува маслата за зимска заштита на овошките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?