Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Формирани две комисии за процена на штетите од невремето во Прилепско, веќе има над 100 барања
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Формирани две комисии за процена на штетите од невремето во Прилепско, веќе има над 100 барања
Агровести

Формирани две комисии за процена на штетите од невремето во Прилепско, веќе има над 100 барања

Објавено 24/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку 100 барања на земјоделците за процена на штети од невремето што го зафати Прилепско, попладнето на 21 јуни, веќе се поднесени до општинската комисија за елементарни непогоди. Советот денеска на итна седница ги формираше двете комисии што од понеделник ќе излезат на теренот за да ја извршат процената. Барањата земјоделците може да ги поднесуваат до идниот петок, 2 јули.

Според Зоран Пачешкоски, претседател на една од двете новоформирани комисии, воедно и раководител на подрачната единица за земјоделство, најмногу штети се пријавуваат на градинарски култури, на житарки и на тутунот.

-Веќе пристигнаа преку 100 барања на земјоделците за процена кои претрпија штети. Невремето ги зафати населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач. Се пријавуваат штети на градинарски култури, на жито, на површините засадени со тутун. Невремето на 21 јуни беше проследено со силен дожд и ветер и со град. Земјоделците имаат можност до 2 јули, идниот петок да ги доставуваат барањата. Комисиите од понеделник на теренот ќе ги вршат процените – рече Пачешкоски.

Како што информира Пачешкоски, за невремето што го зафати Прилепско во 2018 и 2019 година, досега на земјоделците им се исплатени над еден милион евра за надомест на штетите.

– Остануваат за исплата уште две помали штети во Тополчани и во Мало и Големо Коњари во висина од околу 40 000 евра кои набрзо ќе се исплатат откако ќе се отстранат недоследностите. Апелираме до земјоделците, штетите да ги пријавуваат реално, за да може да бидат обештетени сите што петрпеа уништување на родот – вели Пачешкоски.

И општина Крушево ги повика земјоделците да пријавуваат штети од невремето на 21 јуни. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:прилепскоштети
Претходен напис Нуредини: Можности за одржливо и зелено закрепнување од ковид кризата
Следен напис (ВИДЕО) Митат Исмаиловски: Децата сакаат да останат тука да работат, ама да ја купат земјата, да имаат тапија и да инвестираат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?