Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките во текот на вчерашниот ден е благо надмината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките во текот на вчерашниот ден е благо надмината
Агровести

МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките во текот на вчерашниот ден е благо надмината

Објавено 23/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките за вчерашниот ден се благо надминати на речиси сите мерни места, освен на мерното место во Гевгелија, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина, се претпоставува дека станува збор за пустински ветер и истиот може да продолжи и во наредните денови, информира МЖСПП.

Од Министерството велат дека забележано е надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките и на мерното место во Лазарополе, каде во вообичаени услови нема надминувања.

Во врска со забележаната висока вредност на ПМ 10 суспендираните честички на мерното место Ректорат и Миладиновци, Министерството информира дека е резултат на прекин на напојување со електрична енергија при што настанува прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките.

– По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартираат, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случуваат поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни – се вели во соопштението.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во тек е консултација со Државниот инспекторат за животна средина за проверка на евентуално други можни извори на загадување.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:ПМ 10
Претходен напис Домашни фирми дел од дигитална платформа за вмрежување со глобални синџири за набавка
Следен напис МЗ: Поради топлотниот бран да се ослободат од работни обврски најранливите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?