Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во тек е изградба на колекторски систем во Општина Илинден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во тек е изградба на колекторски систем во Општина Илинден
Агровести

Во тек е изградба на колекторски систем во Општина Илинден

Објавено 17/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во тек е изградба на колекторски систем во должина од 5000 метри, кој минува низ централниот дел на Илинден и Марино и ќе ги зафати и одведе отпадните фекални води до пречистителна станица со капацитет од 2500 еквивалент жители која што ќе ги пречисити отпадните води од колекторскиот систем.

Од прес-службата на Општина Илинден информираат дека фокусот е ставен на изградба на пречистителни станици и канализациски систем во повеќе населени места каде што се работи на изградба на канализациска мрежа во должина од 11000 метри.

– Се гради канализациска мрежа и пречисителна станица во Кадино, како и колекторски систем со пречисителна станица во Миладиновци. Вкупната вредност на овие проекти е околу 100 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Илинден. Со реализацијата на овие проекти, над 60 отсто од домаќинствата во општина Илинден ќе бидат приклучени на системот за фекална канализација со пречистување на отпадните води, посочуваат од Oпштината.

Дополнително, потенцираат дека Oпштината обезбедила и средства од други извори на финансирање, од централната власт и други финансиски институции, како што е проектот за изградба на фекална канализациска мрежа во локалитетот Јака за кој со одлука на владата се обезбедени 19.808.111 денари, средства од ТАВ Македонија со пренамена за изградбата на карго аеродромот во Штип, што треба да се реализира до крајот на годината. Посочуваат дека обезбедени се средства од Министерството за транспорт и врски за реконструкција на улица „532“, од Министерството за животна средина, за изградба на пречистителна станица во Миладиновци, како и од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

– Што се однесува директно до населбата Јака, обврска на општина Илинден во вкупната инвестиција за инфраструктура е 10 отсто, додека другото е обврска на централната власт. Досега општината инвестираше 30 отсто. Општината инвестираше во изградба на јавни објекти во делот на детската заштита-изградба на нова детска градинка во Миладиновци и проширување на капацитетите на постоечката детска градинка „Гоце Делчев“ во која се воведени и јасли. Дополнително во областа на образованието и инвестиции во проширување на просторните капацитети за имплементирање на квалитетен воспитно образовен процес ќе се гради ново основно училиште во Илинден кое ќе ги задоволи потребите на граѓаните за воведување на настава во една смена. Додека целиот свет се бореше со пандемијата, а болниците беа преполни, треба да ја имаме пред очи реалноста што ни се случуваше во изминатата година и половина во сите области на тековното живеење и работење, информираат од Општина Илинден.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:колекторски системОпштина Илинден
Претходен напис (Фото) Акција за заштита на реката Осојница од отпадни води
Следен напис Прв ПАЗАР.орг – да купуваме здрави, локални производи, а не увезени кои „патуваат“ илјадници километри
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?