Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лагард: Економијата во еврозоната е на пресвртна точка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лагард: Економијата во еврозоната е на пресвртна точка
Агровести

Лагард: Економијата во еврозоната е на пресвртна точка

Објавено 14/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На пресвртна точка е економијата на еврозоната, а нејзиното цврсто и одржливо закрепнување е неопходен предуслов Европската централна банка (ЕЦБ) да размисли за повлекување на програмата за итна поддршка, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард во интервју за „Политикоин“.

ЕЦБ минатата недела одлучи да остане при зголемено купување обврзници за да ги задржи трошоците за позајмување во економиите во еврозоната екстремно ниски, а креаторите на монетарната политика дури и не разговараа за намалување на поддршката, иако економскиот раст се опоравува побрзо отколку што беше предвидено претходно.

– Не сугерирам дека програмата за пандемски итни набавки (ПЕПП) ќе заврши на 31 март. Имаме многу простор за флексибилност и во однос на економските изгледи одиме во вистинската насока, посочи Лагард.

Таа додаде дека е рано да се разговара за укинување на програмата ПЕПП во вредност од 1,85 билиони евра, што треба да трае најмалку до 31 март 2022 година или додека не заврши кризата предизвикана од пандемијата со ковид-19.

Економистите очекуваат ЕЦБ на состанокот во септември да започне да го разгледува крајот на ПЕПП, а огромното мнозинство аналитичари не предвидуваат дека оваа програма ќе се прошири и продолжи.

Наместо тоа, според нив, ЕЦБ е поверојатно да се врати на претходната и поригидна програма за набавка на средства, која веројатно нема да биде временски ограничена, бидејќи се проценува дека инфлацијата ќе остане под целта на ЕЦБ во следните години.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:еврозџоналагард
Претходен напис Гром уби коњ и две крави во Западна Србија
Следен напис Министерот Хоџа во Букурешт ги бодри нашите фудбалери и ги промовира македонските земјоделски и прехранбени производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?