Како дел од Спортската дипломатија, како поддршка и промоција на нашиот фудбалски тим, на ЕУРО 2020, денес во Букурешт, промоција на македонски земјоделски и прехранбени производи и промоција на нашата земја како атрактивна туристичка дестинација.

Заедно со амбасадорот на Северна Македонија во Романија, Габриел Атанасов, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Агенцијата за поддршка на инвестиции и извоз Дејан Павлески, денес ја отворивме еднонеделната промоција „Недела на македонски производи во Букурешт“.

Во просториите на Стопанската комора на Романија е поставен штанд со македонски производи од повеќе компании за презентирање со свои брендови.

Промоцијата на македонски производи има за цел да придонесе за зголемување на трговската размена со Романија, која во последните години бележи нагорен тренд, со потенцијал за уште поголем раст. Во исто време тоа е владина поддршка за активностите за промовирање на нашиот фудбалски тим на ЕУРО 2020, напиша министерот Арјанит Хоџа на својот фејсбук-профил.



