Министерството за здравство информира дека утрово Комисијата за заразни болести ги донесе следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб.
-Од среда, 16 јуни, да се укине целосно полицискиот час, епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
-Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави
-Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.
