Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Непречен законски проток на работна сила во Србија, Македонија и Албанија – До крајот на годината се очекува договор меѓу државните органи на овие три земји
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Непречен законски проток на работна сила во Србија, Македонија и Албанија – До крајот на годината се очекува договор меѓу државните органи на овие три земји
Агровести

Непречен законски проток на работна сила во Србија, Македонија и Албанија – До крајот на годината се очекува договор меѓу државните органи на овие три земји

Објавено 14/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договорот меѓу државните органи на Србија, Северна Македонија и Албанија врз основа на кој ќе биде можен непречен законски проток на работна сила во овие три земји треба да биде договорен до крајот на годината, објави белградски Данас пренесувајќи изјава на советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија, Ненад Ѓурѓевиќ за Танјуг.

Зборувајќи за реализацијата на делот од договорот меѓу лидерите на трите балкански земји, т.н мини Шенген, што се однесува на слободниот проток на работна сила, тој рече дека досега можноста граѓаните на трите земји да патуваат преку граници со лична карта е реализирано.

„Ние го поздравуваме овој договор како важен поттик за бизнисмените кои работат во овие земји. Што се однесува до договорот за слободно движење на работна сила, според нашите информации, во тек е усогласување меѓу Министерствата за внатрешни работи и други надлежни тела, а одлуката за тоа треба да биде донесена во втората половина на оваа година, а најдоцна до крајот на годината”, изјави Ѓурѓевиќ.

Тој истакна дека тоа ќе биде пресвртна точка за Србија, Северна Македонија и Албанија.

„Се надевам дека и другите соседи ќе се приклучат, бидејќи има недостаток на работна сила во областа на земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. Ни се обратија некои италијански компании кои имаат многу проблеми со наоѓање квалитетна работна сила”, рече Ѓурѓевиќ.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:албанијамакедонијасрбија
Претходен напис Од среда, 16 јуни, целосно да се укине полицискиот час, предлага Комисијата за заразни болести
Следен напис Хуманитарна акција на СН Осигурителен брокер АД Битола: Заедно против фрлање храна!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?