Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Попова Шапка доби Информативно – едукативен Центар и две соларни екозони за одмор во две бачила
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Попова Шапка доби Информативно – едукативен Центар и две соларни екозони за одмор во две бачила
Агровест

Попова Шапка доби Информативно – едукативен Центар и две соларни екозони за одмор во две бачила

Објавено 14/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во срцето на Ски-центарот „Попова Шапка“, викендов се отвори Информативно-едукативен центар чија цел е на сите посетители да им обезбеди информации за историјата, флората и дивиот свет на Шар Планина, како и едукација за различни активности и можности за спорт на планина, вклучувајќи патеки за пешачење и велосипедизам, скијање, алтернативни форми на туризмот во текот на целата година, безбедносни протоколи, капацитети за сместување и услуги, информираат од Здружението планинарскиот клуб „Шара-ски“ – Тетово.

Од Здружението додаваат дека Едукативниот центар, кој е прилагоден на околината и опкружувањето и е изграден од природни материјали, нуди простор за организирана посета на поголеми групи и екскурзии на основци, средношколци и студенти.

Во центарот посетителите ќе најдат разновидна печатена, фото и видео документација за Попова Шапка, а на располагање им е и водич кој ќе може да им ја објасни содржината на едукативниот агол. Дополнително, центарот е опремен со предавална, пулт, дрвени штандови, места за напојување со електрична енергија, простор за одмор на отворено, ТВ, компјутер и проектор.

Покрај Информативно-едукативниот центар, како што велат од Клубот, во сабота ќе бидат пуштени во употреба и двете еко-зони опремени со фотоволтаични панели и простор со маси и клупи за одмор. Овие еко-зони за одмор се наоѓаат на висок планински терен, по должината на познатата “High Scardus Trail” патека и се сместени во Бачило „Извори на реката Пена“ и Бачило „Грагор – Љуботен“. Еко-зоните во бачилата им овозможуваат на планинарите и посетителите место за одмор, пристап до електрична енергија за полнење на своите уреди, топли пијалоци и дегустација на традиционална храна.

Во Ски-центарот „Попова Шапка“ се поставени и информативни табли со детални информации за посетителите за еко-зоните.

Отворањето е предвидено за 13 часот во манастирскиот комплекс на Попова Шапка.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Уникатната убавина на Шар Планина конечно ќе биде крунисана во Национален парк
Следен напис Од среда, 16 јуни, целосно да се укине полицискиот час, предлага Комисијата за заразни болести
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?