Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на балканскиот рис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на балканскиот рис
Агровести

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на балканскиот рис

Објавено 11/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако се смета за национален симбол и се наоѓа на монетите, балканскиот рис освен декларативно, всушност не се штити од страна на државата. За да постигнеме заштита, потребно е да се заштитат подрачјата во кои живее, се движи и размножува, со фокус на националниот парк Маврово. Препораките на Бернската конвенција ја препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на Балканскиот рис. За жал, националниот парк Маврово сè уште не е репрогласен и нема закон, а со тоа нема ни мерки за заштита и план за управување, истакна Ана Чоловиќ Лешоска, координаторка за политики во Светскиот фонд за природата (ВВФ) и извршна директорка на Еко-свест, по повод светскиот ден на заштита на рисот.

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат мерки за да се заштити доколку сакаме да опстои во Република Северна Македонија. Тој се наоѓа на „црвената листа” и според последните истражувања иако има мал пораст на неговата популација, ризиците за неговото преживување остануваат големи.

– Дополнително, државата нема усвоено стратегија за заштита на балканскиот рис која била подготвена пред повеќе години, но за нејзиното спроведување се неопходни финансиски средства кои не се доделуваат. Фактот што државата не двои финансии за нашите заштитени подрачја при што истите се приморани приходите да ги остваруваат со сеча на шумата е алармантно и неприфатливо, потенцираше Чоловиќ Лешоска.

Според „црвената листа”, балканскиот рис е распространет во западните делови на земјата, по границата со Албанија. Опсегот на распространување му се движи од Шар Планина, на северозапад, па сè до Националниот парк „Галичица”, на југозапад. Живеалиштата се во листопадни и фрагментирани шуми, како и шибјаци. Во летниот период повремено се движи и по високопланинските пасишта. Тој се храни најмногу со срни, поретко со диви зајаци, дивокози, куни и лисици, а понекогаш и со диви свињи.

Леглото на рисот може да има од едно до пет младенчиња, во просек од две до три. Новороденче рис тежи околу 300 грама. На три месеци, младенчињата почнуваат да ја следат мајката надвор од дувлото за да јадат месо од нејзиниот улов. На десет месеци, обично околу март или април, тие ги напуштаат своите мајки и започнуваат независен живот.

– Со самото тоа што популацијата на балканскиот рис се проценува на 32 зрели единки, постои огромна закана за истребување на ова критично загрозено, но харизматично животно. Освен прогласување на заштитени подрачја, потребна е константна едукација на локалното население, но и истражување и мониторинг на балканскиот рис со цел да се утврдат бројноста, трендот, појавата во нови подрачја и да се врши следење со телеметрија. Македонското еколошко друштво има направено извонредни напори и постигнато големи успеси во мониторингот на балканскиот рис. Токму овие напори треба да се поддржат од државата и да се надоградат со системска и интегрирана заштита на овој значаен вид, додаде Чоловиќ Лешоска.

Заканите за рисот се бројни, а вклучуваат криволов, вознемирување од страна на луѓето, изградба на голема инфраструктура и туристички центри, загуба на живеалиштата поради прекумерна и непланска сеча на шумите и фрагментација на истите, како и загуба на пленот на рисот, како последица на горенаведените појави.

Светскиот фонд за природа (ВВФ) го одбележува светскиот ден на заштита на рисот 11-ти јуни, и ги поканува сите љубители на дивото животно – рис да донираат за негова заштита со симболично „посвојување” на рисот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:МавровоНационален паркрис
Претходен напис Пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – Во понеделник трета фаза од прскање против комарци во Скопје
Следен напис Хоџа: Не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на државно земјоделско земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?