Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Колку е исплатливо органското одгледување на бамја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Колку е исплатливо органското одгледување на бамја
Растително производство

Колку е исплатливо органското одгледување на бамја

Објавено 10/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Семејството Богданов во војводинското село Ѓурѓево се занимава со органско производство, а меѓу културите кои ги одгледува тука е и бамјата, зеленчук кој денес наоѓа широка примена во кулинарството и стекна голема популарност.
Александар Богданов зборува за тоа колку бара но и колку е исплатливо одгледувањето на бамја.

Бамјата е особено чувствителна на ниските температури

„Бамјата ја одгледуваме на отприлика 4-5 илјади квадрати. На оваа култура најмногу влијаат температурните услови, односно студеното време“, ја започнува приказната овој органски производител.

Како што вели, минатата година имале голем проблем со производство на бамја бидејќи според временските услови ја засадиле на крајот на јуни (пробале да ја одгледуваат и од расад и од семе, од семе се покажала подобра), па поради доцнењето и плодот бил слаб. Бидејќи и оваа година се неповолни климатските услови, вели дека не е сигурен каков принос ќе може да очекуваат, меѓутоа веќе ја засадиле. Најголема количина која успеале да ја добијат на наведената површина е 2 тони, вели тој.

Покрај бамјата одгледуваат и лешници кои ги имаат под површина од еден хектар, црн грав, мала површина под домат, аспарагус. Истакнува дека пробале и со други култури како што се бела пченка и цвекло, меѓутоа ништо не се покажало како исплатливо, и се задржале само на тоа. Своите производи ги продаваат на пазар и преку социјалните мрежи.

Богданов вели дека производството на бамја не е многу ветувачко.

„Кога е во прашање производството на бамја, доколку заработката се распредели на 12 месеци колку што има годината, се доаѓа до цифра од само 50 до 100 евра месечно, а каде се вложувањата за кои мора да се издвои?“, вели Богданов.

Бамјата се бере по најсилното сонце

Истакнува, дека бамјата бара доста физичка работа. Како што вели, трипати ја окопувале, но тревата и покрај тоа сепак пораснала, а тешко е и берењето. Имено, најдобро е кога таа се бере сува, не наутро кога е роса бидејќи е влажна, така што, тврди тој, најдобро се бере по најсилното сонце.

Кога станува збор за болестите кои ја напаѓаат, се случува некогаш да ја нападне пламеница, а што се однесува до инсектите тоа се смрдливите мартини и растителните вошки. Како што вели, на органските производители им е дозволена употреба на одредена количина син камен по хектар, што ја заштитува од пламеница.
Овој органски производител потенцира дека нивното семејно производство почнало одамна, кога нивниот дедо одбивал употреба на хемиски средства, а дури не сакал да купи ниту трактор, туку долго време обработувал со помош на коњ.

Извор: agromedia.rs

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:бамја
Претходен напис Европскиот парламент бара регулатива за биодиверзитетот и донесување обврзувачки цели за заштита на дивата флора и фауна
Следен напис (Фото+видео) Погледнете ги најубавите градини во Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?