Конструкцијата за противградобијна заштита ја сочинуваат: мрежи, жица, анкери, капи и плакети, кои сите заедно треба да обезбедат стабилност и трајност на конструкцијата. Во насадите со боровинки се користат црни противградобијни мрежи, кај кои отворите треба да бидат не поголеми од 3 x 8 мм, а дебелината не смее да биде помала од 0,3 мм. Квалитетните мрежи можат да го надживеат насадот со боровинки.
Оградата околу парцелата на која ќе се подигнува насадот треба да се постави пред почетокот на садење на овошките. Оградувањето се извршува со столбови од цврст бетон и плетена жица. Столбовите се поставуваат на растојание од 3 м. Треба да се со вкупна висина 2,5 м, со тоа што во земја се вкопуваат 0,5 м, а над површината останува 2 м. Плетената жица со која треба да се огради површината треба да биде со височина 1,5 м со отвори 5х5 размер 2 мм. Плетената жица се става во бразда земја со длабочина од 5 см. Над плететената жица се поставува два реда бодликава жица на растојание 0,25 см.
Кога ќе се постави оградата, со еднобразден плуг се нагрнува земјата од двете страни.
Извор: domacinskakuca.rs
