Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Акција за откривање загадувачи на канали за наводнување во Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Акција за откривање загадувачи на канали за наводнување во Кочани
Агровест

Акција за откривање загадувачи на канали за наводнување во Кочани

Објавено 04/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По пријавување за загадување на водите во Кочанско, спроведен е надзор на посочените локации на западниот и источниот дел на градот.

Во западната зона немаше основ за постапување на инспектор бидејќи белата течност што била забележана покрај патот потекнува од излевање на шахта на колекторот поради обилните дождови.

Дезинформација е дека индустријата во овој дел на градот врши загадување на каналите за наводнување, бидејќи инсталациите, вклучувајќи ги преработката на млеко и текстил кои може да ги обојуваат отпадните води, се приклучени на колекторот и понатаму се пречистуваат во пречистителната станица. Преполнувањето и излевањето на шахтата може да се избегне со изведување на сепаратна атмосферска мрежа, што општината планира да го реализира.

Додека пак, надзорот во источната индустриска зона опфати девет правни лица, од кои само една инсталација (за производство на метални конструкции) е во надлежност на Државниот инспекторат за животна средина, а останатите осум (стоваришта, конфекција, вулканизер, производство на запчаници и прехранбена индустрија) се во надлежност на овластен инспектор за животна средина. Пет инсталации се задолжени од овластениот инспектор во законскиот рок од 90 дена да изработат и добијат одобрување на Елаборат за заштита на животната средина, бидејќи истите досега работеле без никакви еколошки стандарди. Во спротивно, ќе бидат соодветно санкционирани.

Од оваа зона во отворен канал без пречистување се испуштаат отпадните води од „Пејпар Мил“ (надлежност на државен инспектор), едно стовариште со сопствено автомеханичарско одржување на возен парк и конфекција (и двете во надлежност на локален инспектор).

Останатите субјекти немаат отпадни води. Отворениот канал преминува во канал за наводнување во состав на Водостопанство Брегалница – подрачна единица Кочани. На делницата до м.в. Слатина водите од каналот се видно загадени, а потоа се разблажени со мешање на вода од Оризарска Река.

May be an image of nature, grass and body of water

Неодамна Инспекторатот зема мостри од отпадната вода на „Пејпар Мил“ што ги испитуваше акредитирана лабораторија. Не беа утврдени отстапувања во однос на граничните вредности од А интегрираната еколошка дозвола за биолошка потрошувачка на кислород, хемиска потрошувачна на кислород, амонијак и вкупен фосфор. Заради тоа не се исполнети условите за затворање на инсталацијата. Меѓутоа, во рамките на претходен надзор инсталацијата е задолжена да ги исчисти лагуните за поефикасно таложење на целулозните влакна од технолошките отпадни води, како преодно решение до пуштањето на пречистителната станица во функција.

Државен инспекторат за животна средина

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:Кочанипејап милПејпар Мил
Претходен напис Услови и потребна документација за исплата на надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади – ЈАВЕН ПОВИК бр. 05/2021 објавен од страна на АФПЗРР
Следен напис Заев за ребалансот на Буџетот: Ќе се крати од таму каде што се троши најнепродуктивно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?